Јасно е дека Реал Мадрид, Барселона и Севиља важат за доминанти екипи, ама дека успеале да направат ваква колекција во последните 3 години, не знаевме или поточно не сме пресметале.
2014-та, 2015-та и 2016-та минаа во знакот на три шпански екипи кои освоија 12 европски и светски трофеи. Од тоа и да сакаат нема повеќе, односно нема други.
Тоа се Лига на шампиони, Лига Европа, Европскиот Супер Куп и Светското клупско првенство. Сите овие 4 меѓународни трофеи во последниве 3 години отидоа во рацете на Реал, Барса и Севиља.
Серијата почна во 2014-та кога Реал Мадрид и Севиља се радуваа на ЛШ и ЛЕ. Потоа овие две екипи се сретнаа во Европскиот Супер Куп кој им припадна на Кралевите, кои таа година ја зачинија и со Светска титула.
Следната 2015-та до хет-трик стигна Барселона која откако во финалето на ЛШ го совлада Јувентус, во Супер Купот ја збриша Севиља, тимот кој ја одбрани титулата во ЛЕ. Светското клупско првенство беше резервирано за Каталонците.
Оваа година беше идентична како 2014-та. Лига на шампиони, Супер Куп и Светско клупско првенство за Реал, а Лига Европа за Севиља.
Тоа се три историски години за шпанскиот фудбал, а тие ќе се обидат и оваа сезона да ја надополнат витрината со трофеи. Имаат големи шанси бидејќи се единствена земја од која сите седум претставници успеаа да се пласираат во вториот круг од ЛШ и ЛЕ.
Последниот меѓународен трофеј кој го освоил друга екипа е Баерн Минхен кој во 2013-та стана Светски шампион.