Чоло никогаш не ги криел своите симпатии. Во 2010. година по заминувањето од Сан Лоренцо, Диего Симеоне стигнал на одмор во Италија и во интервју La Gazzetta dello Sport многу лесно кажа: „Без никаков сомнеж моето срце му припаѓа на Лацио. Овој клуб ми даде мене многу и ме изгради како личност“.
„Интер? Да, таму играат големи играчи и како тренер би ми било полесно да работам со нив. Но врската со Римјаните тоа е нешто повеќе, тоа е посилно од мене. Не можам да објаснам. Еден ден ќе го тренирам Лацио“, изјавил Диего Симеоне во интервјуто за најголемиот италијански спортски медиум.
Ово Симеоне го кажал во моментот кога Интер уживаше во освоената триплета. „Нераѕурите“ не беа свесни за пропаста која што ќе им претстои а Лацио таа сезона го заврши првенството дури 12-ти.
Клаудио Лотито можеше тогаш да се прости со Еди Реја и да го ангажира Чоло, но претпочитал да ги остави работите какви што се. Симеоне тогаш замина во Катанија, Сицилијанците тогаш се бореа за опстанок а Аргентинецот го повикаа како спасител откако го избркаа тренерот Марко Џампаоло.
На две кола пред крајот од сезоната Лоди со асистенции и голови го обезбеди опстанокот во Серија А, а Катанија стана местото на кое Диего го направи првиот чекор кон славата.
По завршувањето на првенството Симеоне во неколку интервјуа ја повторуваше љубовта кон Лацио. „Римскиот клуб има таква магија сите да ги поврзува судбински а потоа цел живот си носталгичен по него. Многу од најголемите фудбалери на Лацио признаваат дека најтежок ден во кариерата им бил кога се одвојувале од Формело“, велел Симеоне за Corriere dello sport.
Но Лотито, по обичај повторно ја игнорирал кандидатурата на Симеоне иако бил идеален момент да се одвои од досадниот фудбал на Реја. Лацио ја изгуби борбата за Европа и пред нив заврши Удинезе. На разочараниот Чоло не му остана ништо друго освен да се врати во Аргентина.
А таму почна воздигнување какви што нема многу во историјата на фудбалот. Во Мадрид Симеоне му ја врати на Атлетико шампионската титула која што навивачите ја чекаа скоро 20 години - од времето на претседателот Хесус Хил и во време кога во другите состави играат Меси, Роналдо, Бејл, Нејмар, Бензема. А Аргентинецот само неколку секунди го делеа и од победа во Лигата на шампионите.
После овие грандиозни достигнувања ситуацијата се смени од корен - тогаш италијанските големци мечтаеа за него а Симеоне можеше само да бира. Но за разлика од прогнозите, Мадрид не стана транзитна точка за тренерот.
Иако Атлетико по финансиски статус беше инфериорен во однос на Интер и приближно со Лацио, после сезоната 2013/2014 во Италија остана само еден клуб кој можеше да му понуди висока плата на Симеоне.
Во декември 2014 година, Атлетико играше против Јувентус во групната фаза од Лигата на шампионите. Пред мечот Диего се состанал со стари пријатели меѓу италијанските новинари. Признал дека сака да дојде во италијански клуб по освоените титули во Аргентина и Шпанија, сега му фали скудетото.
Но овојпат Симеоне не го спомнал исклучително римскиот клуб: „Мечтаам еден ден да се вратам во Италија, но тренер би станал на Интер или на Лацио, затоа што само тие останаа во моето срце“. Рамнодушноста на Лотито донела до тоа „Бјанкочелестите“ да престанат да бидат единствениот приоритет на еден од најдобрите тренери во Европа.
Зошто Лотито не ја искористи шансата да го вработи Симеоне? Славниот автор Стефано Греко, еден од главните опозиционери на газдата нан Лацио смета дека проблем биле личните квалитети на Чоло: „Диего отсекогаш беше непријатен, неудобен човек“.
Поради својот карактер слабиот претседател секогаш сакал да биде на прво место и се плашел дека Диего би можел да го турне во втор план. Можеби поради тоа желбата на Симеоне да го тренира Интер или Лацио уште не стана реалност.
Покрај тоа, маневарот на управување на Лотито не е во сооднос со желбата на Симеоне да биде не само тренер туку и менаџер како што му овозможи Атлетико. Никаде во Италија нема таква комбинација, па дури ниту во прогресивниот Интер каде поради таквата желба неодамна без работа остана Роберто Манчини.
Со политиката low cost на Лацио, „аргентинскиот Фергусон“ нема перспектива. Но ако режимот Лотито - Таре нема намера да замне, во Интер за две години веќе два пати се сменија главните акционери. Поради тоа можно е газдите на „Нераѕурите“ да се согласат да отстапат од италијанската традиција и да му обезбедат на Чоло Симеоне максимална слобода на трансфер пазарот.
Споредбата со легендарниот Еленио Ерера никогаш не може да се избегне, иако од тактичка гледна точка катеначото од 1960-те и системот на Симеоне немаат ништо заедничко. Меѓутоа постои слична идеологија. Пред се приоритетот на резултат во однос на убавата игра. Заедничко им е што целта ги оправдува средствата.
Воодушевени ќе бидат и тифозите меѓу кои има и многу кои подробно се сеќаваат на 5. мај 2002 година. Но и покрај тоа, не случајно според сите анкети Симеоне е најпосакуван за тренер. Конкуренција може да му биде само Жозе Мурињо.