Кои се најдобрите фудбалски судии на светот

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го објави овогодинешниот рејтинг на најдобрите светски судии.

10. НЕСТОР ПИТАНА, Аргентина

Еден од најавторитетните судии од Јужна Америка. На последното Светско првенство го судеше мечот Русија - Јужна Кореа и четвртфиналето Франција - Германија. Интересно за Питана е што е поранешен глумец во Латинска Америка.

9. ДАМИР СКОМИНА, Словенија

Првото големо натпреварување на строгиот Словенец стана Европското 2008-ма. На последното Европско во Франција минатото лето судеше два сензационални меча: Англија - Исланд и Велс - Белгија.

8. МАРТИН АТКИНСОН, Англија

Ветеран во англиската Премиер лига којшто суди им суди на Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челси и другите од 2005. година. Во 2010. година беше помошен судија на Хауард Веб во финалето на ЛШ. Годинава првпат во кариерата се појави на еден топ-турнир какво што беше Европското во Франција 2016.

7. ФЕЛИКС БРИХ, Германија

Германскиот судија од 2004. дели правда во Бундеслигата. Го судеше финалето на Лига Европа 2014 година меѓу Севиља и Бенфика во Торино. Годинава Брих го судеше првиот меч од четвртфиналето во ЛШ Барселона - Атлетико. Во текот на мечот Брих не забележа кога Суарез го удри Хуанфран а после мечот му се жалеа и Каталонците зошто на некои фудбалери на Атлетико не им покажал втор жолт картон.

6-5. БЈОРН КУЈПЕРС, Холандија

Холандскиот судија работеше во финалето на ЛШ во кое Реал го победи Атлетико Мадрид. Годинава го судеше финалето на Купот на Холандија и свиреше на ЕП 2016. 

6-5. ЏИНЕИТ ЧАКИР Чакир, Турција

Судијата кој Сер Алекс Фергусон беше спремен да го дави со две раце поради неоснованиот црвен картон кој му го даде на Нани во последниот меч од Лигата на шампионите за Шкотланѓанецот. УЕФА не му доверува на Турчинот најважни мечеви, но Чакир важи за и тоа како авторитетен арбитар. Годинава го судеше првиот полуфинален меч од ЛШ меѓу Реал и Манчестер Сити, а на Европското го судеше четвртфиналното мега-дерби Италија-Шпанија.

4. ЈОНАС ЕРИКСОН, Шведска

Судија којшто пред неколку години ги продал своите акции во шведска компанија за телевизиски права за 10 милиони долари. „Него не може да го купат“, се смеат обично познавачите на добрите европски судии. На Европското 2016 го судеше мечот Русија - Велс.

3. ВИКТОР КАШАИ, Унгарија

Во 2011-та Кашаи го судеше финалето на ЛШ меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона, а IFFHS го нарече најдобриот судија на светот. Судеше и на Европското 2016-та а неодамна на клупското Светско првенство влезе во историјата како првиот судија којшто досудил пенал после прегледување на видео-снимка од спорниот момент (меч меѓу Кашима Антлерс и Атлетико Национал).

2. НИКОЛА РИЦОЛИ, Италија

Рицоли е судијата којшто ја имаше една од најспорните одлуки на Европското кога на мечот од полуфиналето Франција - Германија досуди крајно непостоечки пенал за домаќините. По еден корнер Евра влезе во дуел со Швајнштајгер, шутираше со глава а топката се одби од лактот на Бастијан.

1. МАРК КЛАТЕНБУРГ, Англија

Поп-ѕвездата со свирче, Марк Клатенбруг годинава ја судеше во животна форма. Го свиреше финалето на Лигата на шампионите и финалето на Европското првенство (по тој повод си направил и тетоважа).