Шпекулациите за трансфери знаат често да бидат лажни со опашки, како скоро веста дека Меси ќе одел во Реал Мадрид, но оваа тема за луѓе кои работат на сајт и прават пари од тоа е коњак. Само во последниот преоден рок за трансфери новинарите на БиБиСи напишале 800 текстови, а тие им донеле скоро милион посети дневно. Статистиката покажува дека во летниот период за трансфери од тие 800 текстови напишани во јули и август, во просек се остварувале еден од три трансфери.
Од тие написи најмногу се оствариле трансферите поврзани за Манчестер Сити.
Во листата на клубови за кои најмногу се шпекулира се разбира дека ги има големите клубови, а кај првите четири најмногу се должи фактот што летоска добија нови тренери и затоа се во топ 4 најспоменувани.
На кои позиции играат фудбалерите за кои најчесто се пишува на тема трансфери.
Според возраста најчесто се пишува за 23 годишни играчи.
По националност први се Англичаните.
Се пишува за фудбалери од 33 лиги, а најзастапени се трансферите од Премиер лигата во Премиер лигата.
Надвор од Британија и Европа, најзастапени се Бразилците, а од Африканските земји најмногу се пишува за фудбалерите од Сенегал и Брегот на Слоновата коска.
Во јули и август 2016-та на тема трансфери пишувале 41 медиум на островот, а најрелевантен излегува дека е Гардијан.
Во листата на сајтови кои немаат свој весник најточен е Скај Спортс.
Најспоменуваниот трансфер минатата лето кој на крај се оствари беше рекордната преселба на Погба од Јуве во Манчестер Јунајтед. БиБиСи за него напиша 27 текстови. Од оние кои не се случија прв е Лукаку во Челси за кој се пишуваше 14 пати.
Целиот тим на играчи за кои летоска најмногу се шпекулираше изгледа вака: