Само еден Марио Балотели во една сезона од Премиер лигата заработил повеќе од еден црвен картон. На Балотели тоа му се случи во сезоната 2010/2011. Сега кога Марио го нема, него во глупостите го заменува Фернандињо.
Бразилецот добиваше црвен картон на три од последните шест меча за Манчестер Сити. На прерано туширање го праќаа на 3. декември 2016-та на дербито против Челси, потоа на 6. декември 2016-та против Селтик во Лигата на шампионите и денес на 2. јануари кога “Граѓаните“ славеа 2-1 против Барнли. Поради денешниот идиотски старт, „касапинот“ Фернандињо ќе добие суспензија од четири меча!
Фернандињо е познат по бескомпромисноста но често касапски влегува во дуелите како денес кога без потреба со две нозе стартуваше над Јохан Берг Гудмунсон во 33.минута и ги остави соиграчите на цедило. Судијата Ли Мејсон му покажа директен црвен картон што значеше трето исклучување за 31-годишниот Фернандињо на последните шест меча.
Бразилецот претходно беше суспендиран три меча по учество во тепачката на дуелот против Челси. Се врати на 26. декември во триумфот против Хал кога одигра 90 минути, играше и во поразот против Ливерпул од 1:0 а сега повторно ќе мора на пауза поради црвениот картон.