Таг: фернандињо

Абе Марез, не си човек ни на наместен квиз да те прати

Скај Спортс на својот Јутјуб канал објави видео од гостување на фудбалерите на Сити, Менди и Ријад Марез. Алжирецот на прашањето кој играч ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, вели Давид Силва и Фернандињо. Ај за првиот што е одамна јасно и сам кажа, ама вториот беше во преговори за продолжување на договорот кој му истекува на лето.

Едерсон му должи вечера на Фернандињо

Иако не им значи ништо во однос на табелата бидејќи секако се први, фудбалерите на Манчестер Сити синоќа дома одиграа само 1:1 со Шахтјор Доњецк. Море 1:2 ќе беше ако Едерсон после киксов немаше колега каков што е Фернандињо.

Фернандињо многу гледал кечери изгледа

Дуелот меѓу Тотенхем и Сити вечерва не помина со црвен картон, а требаше бидејќи Фернандињо во еден дуел со Хари Кејн мислеше дека се наоѓа во ринг. За падот веројатно не е крив, ама потоа беше на два пати безобразен со раката. Плаче за казна.

Три црвени картони на шест меча за Фернандињо

Иако Пеп Гвардиола има голема доверба во него и му ја даде капитенската лента, бразилскиот репрезентативец и не се однесува баш капитенски затоа што на шест меча доби три црвени картони.