Фудбалерите кои одбија вртоглави кинески милиони

Бесконечните суми во кинеската супер лига примамија суперѕвезди како Оскар, Халк, Тевез, но постојат играчи и тренери кои меѓу фудбалот и парите го одбраа фудбалот.

Кристијано Роналдо

Непосредно пред Новата година, агентот на Роналдо, Португалецот Хорхе Мендез раскажа дека некој кинески клуб за најдобриот фудбалер во 2016-та му предложил 300 милиони евра на Реал Мадрид и 100 милиони евра годишно за самиот Кристијано, но тој одбил.

Претходно El Mundo Deportivo пишуваше дека наводно Лионел Меси му кажал на Цеск Фабрегас дека е спремен кариерата да ја продолжи во Кина каде пред неколку месеци Хебеј Чајна Форчун беше спремен да му плаќа 100 милиони евра годишно.

Златан Ибрахимовиќ

Минатото лето Ибрахимовиќ беше интересен на еден кинески клуб кој на 35-годишниот Швеѓанец му нудел плата од 56 милиони фунти годишно колку што Ибра не може да сонува во Премиер лигата. Според некои проценки на кинеските спортски аналитичари, доколку прифател Ибрахимовиќ би можел од многу комерцијални приходи во една година да собере страшни 120 милиони фунти.

Сеск Фабрегас

Шпанецот уште нема 30 години и игра во топ форма на највисоко ниво. Но Фабрегас не игра стандардно за Челси така што трансфер во Кина ќе беше логичен избор. Во секој случај, Фабрегас гордо одби годишна плата од 30 милиони евра со цел и натаму да игра на високо ниво во Премиер лигата.

Вејн Руни

Руни сезонава го загуби стабилното место во првите 11 на Манчестер Јунајтед и во репрезентацијата но остана верен на „Олд Трафорд“ и ја одби богатата понуда од Кина. Напаѓачот во секој случај и во Манчестер заработува „грдни“ пари така што можеше да си приушти да ги одбие кинеските милиони.

Претседателот на Беиџин Гуанг, Луо Нинг соопшти дека клубот се распрашувал за Руни но ги одбиле. „Ние активно работевме да го донесеме Руни на почетокот на сезоната, но тој ни соопшти дека сака да остане во Манчестер Јунајтед“, изјави Нинг во програмата Sports Night Talks на пекингшка телевизија.

Договорот на Руни со Јунајтед истекува во летото 2019-та година.

Лука Модриќ

Ниту 20 милиони евра за 12 месеци не го поколебаа капитенот на хрватската репрезентација да го напушти саканиот Реал Мадрид. Откако ја одби сумата од Кина од која се врти во глава, Модриќ потпиша нов договор со 2020. година со Реал Мадрид и изјави дека сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.

Маркос Рохо

По информациите на Daily Record, за услугите на 26-годишниот Аргентинец Маркос Рохо, клубот Шангај Телејс каде игра и Халк, бил спремен да одвои многу пари, а Манчестер Јунајтед ја прифатил првичната понуда од 12 милиони евра за него, но самиот дефанзивец летово одбил да замине во Кина.

Ернанес

Бразилецот од Јувентус летово добил понуда од 7 милиони евра годишно за 3-годишен договор во Кина, но тој одбил. Во исто време со него понуда добил и Марио Манџукиќ, но и Хрватот одлучил дека е рано да замине во Кина.

Никола Калиниќ

Расниот стрелец на Фиорентина беше третиот Хрват во низата на оние кои одбија страшни пари во Кина. За него нуделе 20 милиони евра за договор од две години а на Фиорентина во исто време и нуделе 45 милиони евра за трансферот, но Хрватот одбил. Кинескиот клуб Тијанџин Теда размислувал и да ја плати откупната клаузула од 50 милиони евра колку што за откуп на договорот на Калиниќ бара Фиорентина, но центарфорот не сакал да слушне за селидба.

Висенте Дел Боске

„Јас можам да потврдам дека добив понуда од Кина. Ми нудеа 15 милиони евра годишно но јас не размислував многу и одбив. Без разлика дали е клуб или репрезентација, мене финансиската страна никогаш не ми била главна. Најубавиот период во мојата кариера беше работата во академијата на Реал Мадрид каде работев со одлични стручњаци кои заработуваа многу помалку“, изјави човекот кој освои 2 пехари во Лигата на шампионите, Европско и Светско првенство.

Сем Алардајс

„Да, имав понуда од Кина, но претпочитав да останам во Англија. На еден играч или на некој клуб им е тешко да одбијат. Светот се менува и тоа влијае и на фудбалот. Кина реши силно да ги изнакупува најдобрите играчи и да ги плаќа енормно, а времето ќе покаже дали е тоа правилен пат“, изјави новиот тренер на Кристал Палас и поранешен селектор на Англија кој покажа дека е способен да се одрекне од многу пари.

Жозе Мурињо

Мурињо минатото лето изјави: „Парите во Кина ги привлекуваат сите, но јас сакам да сум во фудбалот на највисоко ниво. На 53 години се уште сум млад да заминам за Кина“.