Рома во 1993 година имаше одличен тим и одличен тренер, но нешто им фалеше. До нова година имаа само четири победи, па Вујадин Бошков кој ги водеше во тоа време морал итно да ги повика на разговор:
„Соберете се, играме многу лошо. Синоќа ве барав на телефон и никој не најдов дома. Му вртам на Хеслер, телефонот ѕвони, ама не се јавува. Му вртам на Михајловиќ, не се јавува. Му вртам на Џанини исто, Алдеир исто. Срамота.
„Единствено кој ми крена беше оној за кој мислите дека е најлош меѓу вас бидејќи често излегува на провод. Каниџа. Браво Калудио ти си пример“
Навистина така и било, Клаудио Каниџа му кренал на телефон, ама не бил дома. Тој бил еден од првите со мобилен телефон во Италија. Излегол од диско, се јавил и рекол:
„Да шефе еве баш сега легнувам да спијам“.
И потоа по разговорот се вратил во диско.
Дискотеките и кокаинот често беа на агендата на легендарниот Аргентинец кој во 1993 година година доби 13 месечна суспензија откако го фатија со дрога. За блискоста со Марадона често се шегуваше и неговата сопруга Клаудија.
„Едно време мислев дека Диего е во љубовна врска со мојот сопруг. Мора да има долга коса и големи бркови“
Каниџа играше на три светски првенства за Аргентина, а строгиот Даниел Пасарела не го повика во Франција 98.
Го доби прекарот Син на ветрот поради брзината и техниката, а најмногу се прослави на СП Италија 1990 каде на 23 години беше еден од најдобрите играчи на Мундијалот.
Има два сина и една ќерка која беше дел од познатото реално шоу Isola dei famosi.