Offside

Кај триста сомнежи имаме со купишта ствари пред да ги објавиме на сајт поради она вештачкана интелигенција (ВИ), сега па и на фудбалерите не може да им се верува.

Папис Сисе даде необјаснив гол во Кина

На дуелот од кинеската лига меѓу Шангај Телејс и Шендон Лунен, некогашниот фудбалер на Њукасл и Челси даде многу чуден гол.

Анегдоти за основачот на Милан кој пиел виски во секоја прилика

На 22. октомври се навршија 100 години од смртта на големиот Херберт Килпин, англиски фудбалер, тренер и основач на италијанскиот клуб Милан. За него има многу анегдоти, а тифозите редовно се потсетуваат на таткото на Росонерите.

Најубавиот гол досега сезонава го даде Боатенг

По една акција на која сигурно би позавиделе Меси, Нејмар и Луис Суарез, Лас Палмас покажа дека она што го гледаме на Плејстејшн е можно и во реален фудбал. Завршницата е на Кевин-Принс Боатенг.

Спалети ја чукаше главата на прес-конференција

Испровоциран од наводно глупаво прашање на присутниот новинар, искусниот стратег на Рома реагираше невообичаено.

Како Србин прави атмосфера во соблекувалната на Легија

Фудбалерите на Легија Варшава викендов го добија дербито на сезоната во Полска против најголемиот ривал Лех Познан со гол во 93-та минута. Асистент тренер им е Александар Вуковиќ, инаку соиграч на нашиот Панче Ќумбев во Легија од 2008-ма. И нивните навивачи кои се фанатици за фудбал сигурно се изненадени од тоа колку луда може да биде атмосферата во соблекувалната по завршувањето на големото дерби.

Висок пораз на децата на Червар во Монпеље

Ракометарите на Металург го доживеаа третиот пораз во петтото коло од елитната Лига на шампиони. Вечерва во Франција Монпеље беше подобар за десет гола 28:18 (13:12)

Осврт на третото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на третото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 10 натпревари со доста квалитетен фудбал кој изобилуваше со атрактивни потези и сериозен пристап во кој уште еднаш компаниите докажаа дека од година во година квалитетот на Бизнис Лигата расте.

Манчестер Јунајтед капитулираше за 30 секунди на Стемфорд Бриџ

Само половина минута беше доволно за Жозе Мурињо да биде скиснат при кам бекот кај тимот со кој се прослави во Премиер лигата и на кој му донесе три титули. Судијата свирна почеток на големото дерби во 17:00 часот, а 17:01 Де Хеа исплива во празо, а Педро го отвои резултатот. По 20 минути игра работите уште повеќе му се искомплицираа. Гери Кејхил зголеми на 2:0.

Драматичен прв пораз за Вардар во Лигата на шампионите

Откако го совладаа Загреб во дуел од СЕХА лигата, Вардарци вечерва загубија на гости од хрватскиот шампион 28:27 (12-17), во петтото коло од европската Лига на шампиони.

Најлудиот пресврт направен против Старата Дама за 15 минути

Винченцо Монтела вечерва со Милан го пречекува италијанскиот шампион, а доколку се врати три години назад во октомври 2013-та ќе се потсети на нешто спектакуларно. На полувреме Фиорентина губеше 0:2 од Јуве, но во вториот дел Артемио Франки се тресеше четири пати во рок од 15 минути. Хет-трик на Џузепе Роси, за победа на Фиорентина против Јувентус на домашен терен по пауза од 15 години.

Милан vs Јувентус во пари

Вредноста на првите 11 на Масимилијано Алегри и првите 11 на Винченцо Монтела во пресрет на вечерашното италијанско дерби. Предвид не е земена моменталната вредност на играчите, туку нивната сума за која се купени. По овој параметар Јувентус е четири пати поскап од Милан.

Типувај четири дерби дуели на Типстер

Италија, Холандија, Шпанија и Англија викендов ни носат по една дерби пресметка која освен што вреди да се гледа, може и да се типува на Типстер со поголеми коефициенти и двојно поголем влог.

Лајпциг 41 пат ја вадеше топката од гол во Јане Сандански

Ракометарките на ЖРК Вардар го демолираа Лајпциг за прва победа во второто коло од ракометната Лига на шампиони. Конечниот резултат на мечот личи како македонскиот првак да играл меч од домашното првенство.

Фудбалското револуционерно деби

Малиот гениј се појави на 20 октомври 1976 година во дресот на Аргентинос и на возраст од 15 години ги направи првите чекори во кариерата која ќе се трансформира во светот на фудбалот.

Човекот кој и душата би му ја потпишал на Интер

Како мал станувал во 5 сабајле за да разнесува млеко и да заработи 80 пезоси. По работата одел во вежбална, па на тренинг. Никој од младинските тренери не верувал дека слабичкиот Хавиер ќе стане професионален фудбалер, а тој одигра повеќе од 700 средби.

Кој вика дека на 85 години битна е само пензијата

На 85 години години човек да стои 3 часа и 56 минути ќе папса, а за Ед Вајтлок тоа е време предвидено за трчање кое му донесе нов светски рекорд на маратонот во Торонто во категоријата од 85 до 90 години. Па уште и си стои најнормално по завршувањето на целта, каков цар. Инаку патиките ги носи преку 20 години.

Како пораз од 10:1 бил прв чекор на Венгер кон величината

Новинарите на англискиот The Telegraph разговарале со другарите од детството на Арсен за почетоците на неговата фудбалска кариера.

Исландскиот коментатор: Бартон е роден идиот за во затвор

Веројатно не го заборавивте Гудмундур Бенедиктсон, исландскиот коментатор кој го остави грлото во Франција на ЕП?. Налетавме на едно видео во кое Џои Бартон добива црвен картон, а тој ја коментира ситуацијава на следниов начин: Тој е целосен лудак, што му е на ова животно, па дури и Балотели изгледа нормален во однос на Бартон.

Ќе ја урне ли Мурињо извонредната традиција на Челси против Јунајтед?

Човекот кој важи за најуспешен тренер на Челси во дуелите против Манчестер Јунајтед, сега се наоѓа во обратна улога, а тоа е да ја прекине одличната серија на неговиот поранешен клуб со која не може да се пофали друга екипа.

Ирскиот Дандалк кој ги нервира обложувачите

Буџетот на рускиот Зенит е 165 милиони, а на ирскиот Дандалк 1 милион, но тоа не му сметаше на анонимниот клуб од Ирска да се пласира во Лигата на Европа, да му пркоси на Зенит и таму веќе после три кола да освои четири бода со домашни играчи.

Кој го брка турскиот тренер од Штип?

По инцидентот пред неколку седмици кога поранешните претседател и потпретседател на Брегалница го пресретнале со кола додека се враќал од Кочани кон Штип и физички го нападнале, турскиот тренер на Брегалница сега повторно се соочува со нови закани.

На турските спортски емисии има и гаѓање со дигитрони

Едниот е навивач на Фенербахче, другиот на Галатасарај. Едниот кошка, другиот се лути и потоа водителот мора да побара реклами.