Кога капитените на двете екипи го имаа оној задолжителен ритуал на поздравување и фрлање паричка кој ќе напаѓа прв, се случи нешто неочекувано од страна на Топџиите кои се посрамотија пред петтолигашот.
Тео Волкот како капитен дојде со празни раце и не му даде знаменце на капитенот на Сатон, на што се зачуди и тој и судиите.
Sutton United v Arsenal… UNDERWAY
— Arsenal FC (@Arsenal) February 20, 2017
COME ON YOU GUNNERS! 🔴
Watch LIVE ➡️️ https://t.co/8ngvs5jbvb#SUFCvAFC 0-0 (1) pic.twitter.com/rqjQKMMCcO
Тој беше еден од двајцата стрелци на мечот со што стигна до јубилејни 100 голови во дресот на Арсенал. За да се оправда од срамниот потег, Волкот по завршувањето на средбата се појави во соблекувалната на Сатон каде се сликаше со играчите и им потпишуваше автограми.
Инаку соблекувалната на Сатон потсетува на соблекувална од физичко во основно училиште, а фудбалерите на Арсенал освен знаменцето, синоќа дома си го заборавиле и осетот за хигиена.
Треба да учат од голманот на Сатон
Едит: Топџиите ветиле дека ќе донираат 50.000 фунти за реновирање на соблекувалните.