Изненадување на вечерта на натпреварот во забивање беше тоа што во финалето се пласираа Глен Робинсон Трети кој не е толку познат како што беше неговиот татко, како и Дерик Џонс Џуниор. Минатогодишниот вицешампион Арон Гордон и Деандре Џордан испаднаа уште во првата рунда.
Најатрактива беше последната серија во која Робинсон заслужено доби максимални 50 бодови од жирито, откако успеа да ја забие од позади и да ги прескокне својот соиграч Пол Џорџ, маскотата на Индијана Пејсерс и една мажоретка.
Жири комисијата ја сочинуваа легендарните Доминик Вилкинс, Алонзо Морнинг, Крис Вебер, Гери Пејтон и Дејвид Робинсон.
Победничкото забивање на Робинсон
Целиот натпревар во забивање
Во натпреварот за тројки до титулата стигна Ерик Гордон од Хјустон кој го победи Кајли Ирвин по продолженијата. Гордон и Ирвин во првата серија имаа идентичен број на поени и поради тоа мораше да се изведува уште една дополнителна серија.
Ова е прв пат еден играч на Хјустон да триумфира во натпреварот за изведување тројки на Ол стар меч.