Интер на почетокот на ’90-те беше микс од италијанска страст и германска дисциплина. ’Нераѕурите’ 4 пати за 10 години играа финале на Куп на УЕФА и само еднаш загубија.
Кои фудбалери го сочинуваа трофејниот состав на Интер во сезоната 1990/91 - екипа која освои Куп на УЕФА и стана вицешампион на Италија:
Валтер Ѕенга (56)
Човекот-пајак ја држи неверојатната серија без примен гол на Светските првенства цели 518 минути. Стана член на Интер од 17 години, но го праќаа на позајмици се додека Ивано Бордон не го презема Интер. Од 1983 до 1994 Ѕенга стана незаменлив лидер на Интер. По “Џузепе Меаца“ две години бранеше во Сампдорија.
Кариерата ја заврши во 1999 година во САД како играч-тренер. Веќе има пристојна тренерска кариера затоа што работеше со големи клубови од Италија, Романија, Србија, Турција, Англија и Далечниот Исток. Сонува да го води Интер. До октомври 2016. година беше менаџер на Вулверхтемптон, а во моментов е невработен.
Никола Берти (49)
Префинетиот стопер бил дете на Парма, но професионалната кариера ја започнал во Фиорентина. Од Фиренца прво заработува повик за во репрезентацијата во 1988, а по дебито за Италија ги привлекол Наполи и Интер.
На крајот Интернационале бил поупорен а Берти стана легенда на клубот во кој играше 10 години, освои три Купа на УЕФА и замина преку границата. Играше и за Тотенхем, Алавес а заврши со фудбалот во Австралија. Во моментов е коментатор.
Серхио Батистини (53)
Стоперот на свои 17 години бил прекомандуван од младинците на Милан во првиот тим но во неубав период. ’Росонерите’ два пати испаѓале од Серија А, а во 1985 Батистини преминал во Фиорентина.
Има две финалиња на Куп на УЕФА, пред тоа од 1991 со Интер, во 1985 играл едно со Фиорентина против Јувентус но загубил. Во составот на ’Нераѕурите’ минал 4 сезони, а денес е тренер на Масезе во Серија Д.
Алдо Серена (56)
Напаѓач кој многу сакал да стане кошаркар. Поради неговата висина од 183 см Алдо ги исполнувал сите стандарди за добар центарфор. Стана четирикратен првак на Италија со Интер, Милан и Јуве.
Возрасните го паметат по настапите на Мундијалот ’90-та кога во полуфиналето против Аргентина промаши пенал пред голот на Серхио Гојкоечеа. Серена ја заврши кариерата на 33 години и стана филмски дублер и спортски коментатор.
Џузепе Бергоми (53)
Дефанзивец, капитен на Интер и на Италија, можеби најголемиот играч во историјата на ’Нераѕурите’. Целата своја кариера од 1979 до 1999 му ја посвети на Интер. Учествуваше на дури 4 Светски првенства а во 1982 го освои Мундијалот. Во ’94-та не играше во САД поради конфликтот со Ариго Саки.
Некое време работеше со младинците на Интер и беше во стручниот штаб на Аталанта а во последните години работи на ТВ.
Алесандро Бјанки (54)
Крилниот играч се оформил во Чезена во Серија Б. После пет сезони во составот на „морските коњчиња“ Бјанки во 1988 година дошол во Интер. Неверојатниот талент му го уништиле повредите на мускулите.
До 27 години играл на врвно ниво а потоа не можел да ги издржи повредите и се вратил во Чезена каде и ја завршил кариерата во 2001. година. Денес работел како бизнисмен.
Дефанзивниот играч за врска никогаш не заиграл за репрезентацијата. Почнал во скромната Сиена која што постојано играла во полу-професионалните лиги. Паоло го внел клубот во Серија Ц1 а потоа преминал во Болоња.
Не станал легенда на ’Нероаѕурите’, одиграл само една сезона 1990/91 па го дале во Авелино на позајмица. Од 1995 година година е тренер на екипи во Серија Б и Серија Ц. Последно го водеше Гросето. Минатата година држел часови по фудбал во болоњскиот затвор.
Андреас Бреме (56)
Легендарниот германски фудбалер стигнал во Италија како светски шампион со Германија. До трансферот во Интер имал освоено сребро во Бундеслигата со Кајзерслаутерн а ја освоил подоцна со Баерн Минхен.
Во 1990. стана херој на финалето на Светското првенство против Аргентина. На 5 минути до крајот на основното време Андреас реализираше пенал за титула светски шампион. Неколку години подработуваше како тренер а потоа отворил свој бизнис.
Јирген Клинсман (52)
Познатиот германски напаѓач и познат тренер во животот настапувал за Штутгарт додека Џовани Трапатони не запнал да го донесе во Интер.
Клинсман беше капитен на „бундесманшафт“ на победничкото Европско 1996. Го бираа за најдобар фудбалер во Германија и Англија. По играчката кариера стана еден од револуционерите на германскиот фудбалер, а пример од него зема Јоаким Лев кој освои се што можеше со Германија.
Од 2011 до ноември 2016 Јирген го развиваше сокерот како селектор на САД.
Лотар Матеус (55)
Диего Марадона во една пригода признал: „Он е најдобриот против кого некогаш сум играл“.
Матеус беше класичен играч од средниот ред и учествуваше дури на 5 Светски првенства. После 5 години во Менхенгладбах замина во Баерн Минхен каде го направи името. Интер го купи во 1988 за 5,5 милиони долари и уште во првата сезона со него го освоија Скудетото.
Во 1992 година Матеус доживеа тешка повреда и се врати во Минхен. До 2011 беше тренер во разни земји, а денес е ѕвезда на германскиот Sky Sport.
Џузепе Барези (59)
За разлика од помладиот брат Франко кој е најголемата легенда на Милан на кого му го даде цело срце, Џузепе беше величина за Интер. Играше исто како и Франко, стопер, и за 15 години во сино-црниот дрес одигра повеќе од 400 меча, освои две Скудета и Купот на УЕФА 1991.
Ја заврши кариерата во Модена, а после три години се врати во структурата на Интер. Од 1997 до 2016 година работеше како тренер во сите категории освен во првиот тим. Денес е редовен гледач на „Сан Сиро“.
Џовани Трапатони (77)
„Годините проаѓаат, страста ќе остане“ - беа фамозните зборови на легендарниот Трапатони.
Џовани бил надежен бек во младоста. Единствен човек е на планетата земја којшто ги освоил сите можни европски трофеи: од Интерконтиненталниот Куп до Лигата на шампионите. Беше тренер на Јуве, Интер и Милан и важи за татко на модерниот италијански фудбал.
Како млад бил воспитаник на Милан и целата играчка кариера ја минал во црвено-црниот дрес. Тренерската кариера најуспешна му била во Интер во ’90-те години кога освојувал трофеи под симпатии на германскиот фудбал.
Во Германија беше тренер на Баерн и Штутгарт, а успешно ја водеше и репрезентацијата на Ирска пред четири години. Уште не е во пензија.