Алесандро Дел Пјеро и Роберто Баџо важат за едни од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Се сретнаа во Јувентус во 1993-та година кога Дел Пјеро имаше 18, а Баџо 26 години и заедно се радуваа на двојната круна во сезоната 1994/1995.
Баџо вчера прослави јубилеен 50-ти роденден, а Дел Пјеро му испрати честитка што ретко се чита кога еден голем играч му се обраќа на друг голем играч.
Драг РобиДенешниот ден е важен за тебе, но верувај, важен е за сите нас кои го сакаме фудбалот и за мене, кој бев дел од патот покрај тебе.Припаѓам на генерација исто како тебе, иако се разликуваме во неколку години, од оние кои многу добро знаат што значи “да му ја носиш торбата на постариот“. Кога те позазнав во 1993-та, ти беше најдобар, а да ти ја носам торбата не ми беше мака, туку сон кој ми се оствари.
Дојдов во Јувентус Примавера од Падова на 18 години, а ти тогаш ја освои Златната топка и ја подигна во небото над Торино, откако го освои Купот на УЕФА.Роби, многу научив од тебе, играв со тебе, победував со тебе. Беше голем и кога нашите патишта се разделија, наследувањето на твојот дрес беше чест и голема одговорност.Секогаш кога потоа ќе се сретневме на терен како противници се поздравувавме со пријателска прегратка.
И денес, на денот на твојот 50-ти роденден, сакам да ти испратам една прегратка.Среќен роденден шампионеАле