Публиката во Њу Орлеанс синоќа го гледаше најгламурозниот и најатрактивниот Ол Стар натпревар во историјата на игрите, кој го собори рекордот по број на поени. Беа постигнати вкупно 374, што не се памети до сега, а тоа се должи најмногу на тоа што никој не внимаваше на одбраната.
Најдобар поединец на средбата беше јунакот Ентони Дејвис кој со 52 поени и 10 скокови го сруши рекордот на Вилт Чемберлен кој со 42 поени го држеше 54 години.
Домаќините уживаа во поените и потезите на Дејвис кој по Коби Брајант стана прв играч кој го освоил МВП признанието на домашен терен.
Одлични во Западната конференција беа и Расел Вестбрук со 41 поен, 5 скока и 7 асистенции, како и Кевид Дурант кој стигна до трипл дабл со 21 поен, 10 скока и 10 асистенции, што е четврти трипл дабл во историјата на Ол Стар натпреварите.
Кај Истокот се истакнаа Јанис Адетокумбо со 30 поени и 6 асистенции, 23 постигна Леброн Џејмс, а Кајри Ирвинг 22.
Домаќин на наредните игри во 2018-та е Лос Анџелес.