Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Шапекоенсе сега е уште посилен

Навивачите, жителите на градот и сите оние кои се живи, а се дел од клубот нема никогаш да го заборават 28 ноември 2016-та, денот кога Бразил беше завиен во црно. Шест месеци потоа Шапекоенсе не само што се држи, туку игра со срце и душа за своите загинати другари. По 4 минати кола во домашното првенство, нема ниту еден пораз. Браво момци.

Моментот кога Мајкл Џордан лебдеше во воздух

Сите беа убедени дека ќе ја куца, ама никогаш не знаеш со него на што си. Ова е еден од потезите кои се симбол на играта на незаменливиот Ем Џеј и кој долго време беше на најавните шпици. Зборуваме за вториот финален натпревар меѓу Чикаго и Лејкерски одигран пред 26 години. Безвременски потег.

Саудијците одбија минута молк за жртвите од Лондон

Во квалификациите за Светско 2018, Австралија ја пречека Саудиска Арабија и ја победи со 3-2, но резултатот ќе остане во втор план поради скандалот кој го направија гостите.

Кој е малиот голман за кој Сити даде 40 милиони евра

Дошол на грандиозниот „Луж“ на 16 години од Бразил и за него немало место во пеколната голманска конкуренција, па го дале на третолигаш. Таму Едерсон покажал зошто ќе биде иден долгогодишен голман на „Кариоките“ и зошто Гвардиола потроши 40 милиони евра на него.

Кариерата на Дражен Петровиќ во 16 факти

Ако треба да се даде опис за тоа каков кошаркар беше, ќе му го препуштиме тоа на Тони Кукоч кој за него изјави: Ако играш со него, ризикуваш да пропуштиш нешто. Подобро беше да го гледаш од страна.

Кога сме веќе кај прославата и пречекот

Седмолигашот од Обреновац, ФК Ројковац обезбеди пласман во повисок ранг, а навивачите ги пречекаа како што се чека Бока во Буенос Аирес.

Највредниот неважечки лист на избори во Сплит

Наместо да црташ непристојни работи и глупости, ако решиш да им ставиш до знаење на кандидатите за кој ќе гласаш, земи слика од својот идол. А Трифон Иванов на сите ни беше идол.

Осврт на Комита за шампионската прослава на Вардар

Кој беше организатор на прославата, па не’ утупи со “Излези момче“ и на крај демек као шлагворт “Земјо македонска“! За дури на крај на Самсоненко (секоја чест!) да му текне па сам да ја повлече нашата народна “Ој Вардаре македонски“ (btw, РК Вардар и си има своја химна, кај беше таа??). Резил!

Здравко Мамиќ доби бокс и падна во море

Поранешниот претседател на Динамо Загреб кој сега работи како советник во клубот се соочи со непријатен инцидент и во еден момент останал без свест.

Ракометарите на Вардар го кренаа Диви во раце

По 20 години кариера која ја почна во родниот град Кавадарци во тимот на Тиквеш, а ја заврши на најдобар можен начин со 4 трофеи во Вардар, Петар Ангелов на 40 години се повлекува од играњето ракомет. За Вардар бранеше во сезоната 2009/2010 и од 2013-та до вчера. Последниот тајм аут на Раул Гонзалес на мечот против Борец, беше искористен за прегратки и овации.

Леброн и Ирвинг блеснаа, но Вориорси водат 3:0

Кошаркарите на Голден Стејт се на чекор до освојувањето на шампионската титула во НБА лигата откако го добија и третиот меч во финалната серија, овој пат на гости против Кливленд.

Фото на денот

Раул Гонзалес со Вардар во сезоната 2016/2017: Куп, првенство, СЕХА Лига и Лига на шампиони. Фала многу пријатно. Нека трепка.

Податокот кој го прави Реал Мадрид повеќе од екипиште

Ако се прашувате како Кралевите стигнаа до трофеј во Ла Лига и Лига на шампиони, а ги освоија и Супер Купот на Европа и Светското клупско првенство, еве го одговорот. Имаат сезона за историја.

Циндриќ пред 4 години работел на паркинг, а денес е европски првак

Хрватскиот „Јутарњи“ го октрива нетипичниот ракометен пат на неверојатниот Лука Циндриќ кој важел за талентиран фудбалер за кого бил заинтересиран Динамо Загреб, но татко му го убедил да го батали фудбалот и да му се посвети на ракометот.

Браво за кошаркарите и фудбалерите

Во сета оваа ракометна треска се појавија и двајца дунстери на кои спортот по се изгледа им е мистерија. Тие што не пратат спорт, обично велат ја појма немам од спорт, ама па не се решиле ниту да го постават најпростото прашање. Во кој спорт се натпреварува Рк Вардар?

Која е малата и безобразна Латвијка во полуфинале на Ролан Гарос

Со големиот триумф над Каролина Вознијацки (12-та во свет), 47. тенисерка на светот Елена Остапенко стана првата Летонка која што стигнала до полуфиналето на славниот Гренд слем турнир во Париз.

Видео селфи со Дејвис и Диви на „We are the champions“

За време на вардаровата ерупција на плоштадот во Скопје која кулминираше со песната која ја пејат само шампионите, помошникот на Раул Гонзалес, Давид Дејвис ја ловеше атмосферата од друг агол.

Што изјави Червар за историскиот успех на Вардар

За Европската титула на Вардар, се огласи и тренерот на Металург, Лино Червар кој рече дека тоа што тимот на Раул Гонзалес го направил во финалето е нешто чудесно.

Како шампионот Жоан Канјелас побара пиво

Европските шампиони им се обратија на сите кои дојдоа да ги поздрават на плоштадот во Скопје, а шпанскиот репрезентативец Жоан Канјелас искрено пријави проблем, немало пивце.

Јас сум за Милвол, терористи одјебете

Сторијата за Рој Лернер, 47-годишен Англичанец го обиколи светот. За време на атентатот во Лондон кога терористите мафтале со долги ножеви, им застанал сам со голи раце.

Добре дојде дома шампионе

Ако на 4-ти јуни 2017-та со години ќе се навраќаме на голот на Чупиќ против ПСЖ и освојување на историската Европска титула, 6-ти ќе биде датум за паметење по спектакуларниот пречек на хероите. Кој беше, ќе раскажува.

Видео за паметење, ракометарите на Вардар под триумфална

По кошаркарите и ракометарите на Македонија, низ симболот на триумфот помина и Европскиот првак Вардар, момент кој немаше човек кој не го овековечи со својот телефон. Момент кој сите го чекаа и момент кој беше само најава за спектаклот на плоштадот во Скопје. Околу нив реки народ, сите обоени во црвено црна боја.

Моментот кога шампионите излегоа од аеродромот

Стотици навивачи на Вардар ги пречекаа европските прваци на главниот влез од аеродромот, а кога ракометарите излегоа по слетувањето, атмосферата кулминираше.

По дуелот во Скопје, Арда Туран давел постар новинар во авион

Фудбалерот на Барселона на својот Инстаграм напиша долг пост во кој вели дека не се правда, само ја информира јавноста за инцидентот што го направил синоќа.