По 20 години кариера која ја почна во родниот град Кавадарци во тимот на Тиквеш, а ја заврши на најдобар можен начин со 4 трофеи во Вардар, Петар Ангелов на 40 години се повлекува од играњето ракомет. За Вардар бранеше во сезоната 2009/2010 и од 2013-та до вчера. Последниот тајм аут на Раул Гонзалес на мечот против Борец, беше искористен за прегратки и овации.