Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Што те чека ако преминеш од Звезда во Партизан и обратно

Владимир Стојковиќ важеше за дете на Црвена звезда, голмански потенцијал, репрезентативен калибар. Навивачите го почитуваа и штитеа, а тој за возврат го истетовира грбот на групата. По авантура низ цела Европа каде смени 5-6 држави и уште толку клубови, во 2011-та се врати во Белград но реши да потпише со најголемиот ривал, Партизан. Ај што ги разгневи Делиите со тоа, туку на првото градско дерби излезе пред Гробарите со маица „Простете за моето грдо минато“. Еве како го пречекаа на Маракана.

Навивач на Јувентус место во Кардиф отишол во Кадиз

Еден млад навивач на Јувентус објавил на својот Инстаграм профил фотографии и коментар во кој признава дека го помешал Кардиф со шпанскиот град Кадиз и го утнал финалето на Лига на шампиони.

Двата најубави гола во Лига на шампиони

Неверојатниот гол на Марио Манџукиќ во финалето на ЛШ против Реал е прогласен за гол на сезоната 2016/2017. Веднаш зад него е оној на Бразилецот Каземиро на меч против Наполи во раната фаза.

Благодарам Вардар!!!

Ова е една од оние колумни коишто цел живот сонуваш да ги напишеш, а кога ќе седнеш на тастатура ти се тресат руки и ти течат солзи радосници од возбуда.

Храбро реми на Македонија со 25-то рангираната Турција

Македонската фудбалска репрезентација заслужува честитки за играта на пријателската средба со Турција во Скопје. Тимот на Мрме целосно ја надигра селекцијата која 111 позиции е подобра од нас на ФИФА, но за жал не видовме голови на толку шанси.

Влатко убаво да си поминеш во Грција

По осум месеци типување и надмудрување, заврши четвртата сезона на Типстер. Ги имаме добитниците на четирите подароци кои успеаа да се издвојат на врвот по крајот на долгата сезона.

Аве Раул

Вардар има тренер на кого судиите не му се криви, ниту противникот зло, ниту медиумите противници. Професионалец кој нема гард на недопирлив. Одмерен во сè. Шпанецот е пример за неговиот еснаф.

Чудесна прослава и во Истанбул, за титулата на Бешикташ

Минатата недела Бешикташ на чело со Кварежма, Демба Ба и Бабел во составот стана шампион на Турција, а вчера навивачите на неверојатен начин ја прославија титулата на Босфорот.

Кога ти доцни сигналот и Вардар е веќе шампион на Европа

Сигурно на некој од вас синоќа му доцнеше сигналот па за шампионската титула на Вардар 2-3 секунди порано дознавте од комшиите или од соседниот кафиќ. Епа имаме видео и од таков еден пример.

Како Кари си поигра со Леброн Џејмс

Голден Стејт е толку јак што и тренерот на Кливленд Тајрон Лу пред некој ден изјави дека не видел нешто такво во кариерата. Незадржливи се, особено Стеф Кари.

Нека ечи „We Are The Champions“

Ако нешто ќе се слуша и репризира долго време по синоќешниот магичен ден за ракометарите на Вардар, тоа е победничката химна која ја пејат шампионите во секој српот. Ја слушаш и се ежиш, толку. Инаку кој би рекол дека еден ден кога Рк Вардар ќе стане Европски првак, ќе ни ја пее Мелани С од Спајс Грлс.

Вардарово лудило на плоштадот во Скопје

Датумот 4 јуни 2017-та ќе биде запишан со златни букви во македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тој што беше на плоштад пред точно 15 години кога се урлаше за Кометалки, по втор ја доживува неописливата атмосфера на колективно лудо славје за големиот историски подвиг.

Трипл-дабл на Кари, Голден Стејт страшен

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Кливленд Кавалирс со 132:113 и поведоа со 2-0 во серијата против бранителот на титулата во финалето на НБА за кој Леброн оствари осми трипл-дабл во финални дуели во кариерата.

Целиот Фајнал Фор во емотивни 4 минути

Можеби најдобар опис на неверојатната завршница на Ф4 во Келн даде главниот организатор, ЕХФ на својот Фејсбук: „Новите момци од РК Вардар дојдоа во Келн, немаа што да изгубат а на крајот победија сè.“

Македонскиот, хрватскиот и словенечкиот коментатор за голот на Чупиќ

Скопската и македонската публика долго долго ќе ги запаметат имињата на Лука Циндриќ и Иван Чупиќ кои им го зададоа последниот удар на гигантите Барселона и ПСЖ за прв историски трофеј на Вардар кој ја покори Европа. Да уживаме на последниот гол на Фајнлфорот во Келн кој ќе остане во аналите на македонскиот спорт.

Како за 30 денари да го гледаш европскиот првак Вардар

Во рамките од 10. коло на плејофот во македонската ракометна Супер Лига, во среда новиот крунисан шампион на Европа гостува во Велес против тимот на ГРК Борец. Цената на картата симболична. Секоја чест за домаќинот.

Пехарот кренат, Скопје во транс

Во моментите кога Вардарци го кренаа највредниот трофеј во европскиот клупски ракомет додека Мелани Си пееше We Are The Champions, на улиците на Скопје започна еуфоричното славје.

Слави Македонијо - Вардар е европски шампион!

Откако ја скротија опасната Барселона во полуфиналето, ракометарите на Вардар на неверојатен начин ја крунисаа европската одисеја и го совладаа страшниот ПСЖ 24-23 (11-12).

Видео од страшното стампедо во Торино

На градскиот плоштад „Сан Карло“ во Торино, синоќа за малку беше избегната голема трагедија а францускиот Л’Екип објави видео од моментите кога пукнала петарда а настанала паника дека се работи за бомбашки напад.

Хаос во Торино, 1.000 повредени навивачи од глупава шега со петарда

За време на финалето од ЛШ во Кардиф на плоштадот во Торино се случи голема бркотница откако навивачи на Јувентус бегаа во паника мислејќи дека експлодирала бомба. За среќа нема жртви.

Коментаторот на ЕХФ во транс на последниот напад на Вардар

Не бил само наш Југо од МТВ во делириум во последните 15 секунди од полуфиналето меѓу Вардар и Барселона. Слушнете како реагираше популарниот Том О'Бранагаин кога Лука Циндриќ со проектил го однесе својот тим во историско прво финале.