Фудбалскиот празник наречен финале во Лига на шампиони, на плоштадот Сан Карло се претвори во Торино се хаос. 30.000 навивачи на Јувентус го следеа мечот на видео бим, а некаде околу 22:15 часот по голот на Роналдо за 3:1 настада стампедо.
Околу 1.000 навивачи се повредени од кои 8 посериозно, а меѓу нив има и 7 годишно дете кое било притиснато во толпата.
„Едно момче фрли петарда велејќи дека се работи за бомба“, вели еден од сведоците по што настанала паниката.
Откако многумина помислиле дека навистина се работи за бомба, луѓето почнале да бегаат, многумина од нив паѓале, биле прегазени, а на земја може да се забележи крв, скршени шишиња и изгубени чевли и облека.
Потоа на местото пристигнале полициски, амбулантни и пожарникарски возила, а ситуацијата се вратила во нормала околу 23 часот.