Вардарово лудило на плоштадот во Скопје

Датумот 4 јуни 2017-та ќе биде запишан со златни букви во македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тој што беше на плоштад пред точно 15 години кога се урлаше за Кометалки, по втор ја доживува неописливата атмосфера на колективно лудо славје за големиот историски подвиг.

По последниот свиреж на судијата и завршувањето на церемонијата на доделување на пехарот, се знаеше која ќе биде следната станица на сите навивачи и симпатизери на Вардар, на плоштадот во центарот за Скопје.

Од пензионери до мајки со бебешки колички, развеани знамиња, песни, бакљи, блокирани улици и раскрници, свирежи од колите. Скопје едноставно беше во транс, а плоштадот грмеше во чест на големиот Вардар кој ги урна Барселона и ПСЖ и се искачи на Европскиот врв.

На големо се славеше и за четвртото место на кошаркарите и петтото на ракометарите, но ова е нешто друго. Македонија позната како ракометна нација откако во 2002-ра ја славеше Европската титула на Кометал Ѓорче Петров, го дочека и доживеа истиот успех во машка конкуренција.

Ова е доживување и уживање за сите пари. ПСЖ повеќе ги има, ама ја нема душата на Вардар и нивните навивачи кои полнат сали и плоштади.

Едвај чекаме да видиме каков ќе биде пречекот на хероите. Уживајте во синоќешната атмосфера.

Свирежи од коли

Се скандираше името на Чупиќ

Го донесоа големото знаме на Вардар

Бакљада

Толпата од друг агол

5 јуни 2017 - 10:35