Здравко Мамиќ доби бокс и падна во море

Поранешниот претседател на Динамо Загреб кој сега работи како советник во клубот се соочи со непријатен инцидент и во еден момент останал без свест.

Здравко Мамиќ заминал на роденден кај брат му во местото Бол кое се наоѓа на островот Брач во сплитско далматинскиот дел и откако се укотвил со својата јахта добил тупаница во глава од непознато лице.
„Дојдовме да го славиmе 60-от роденден на мојот брат Стојко Мамиќ. Сè беше ок и наеднаш ми дојде еден човек зад грб, ме удри во глава, а јас падна во море. Не се чувствував баш добро, но мислам дека немаше потреба да викнеме брза помош. Уште не ми е добро, но верувам дека на крај сè ќе биде во ред. Ме боли глава и се осеќам лошо, а во еден момент загубив и свест. Среќа што ме спасија и ме извадија од море“, изјави контронерзниот поранешен претседател на Динамо Загреб.
На местото на настанот веднаш пристигнала полиција, а според пишувањата на хрватските медиуми напаѓачот е пронајден и приведен во полиција.
 
Видео од инцидентот
8 јуни 2017 - 10:23