Некој би рекол дека е сценарио за акционен филм, но тоа што му се случило на еден редовен навивач на Милвол е вистинска луда храброст.
Рој Лернер деновиве е најголем херој во Лондон каде го добил прекарот „Лавот од мостот во Лондон“. За време на терористичкиот напад тој бил на вечера во еден ресторан, на неколку метри од терористите кој нападнале кај Маркетот Бороу.
Како што раскажува самиот Рој и неколку присутни сведоци, целиот настан се случил за неколку секунди. Откако ги видел атентаторите и луѓето како врескаат во страв, Рој без страв ги завратил ракавите.
„Слушнав кога викаа Ислам, Ислам, ова е за Алах и како идиот им свикав ’Ебете се, јас сум Милвол’. Помислив ’мора да им влезам на овие копилиња’, направив неколку чекори кон нив и ме нападнаа. Се обидов да се тепам со нив, останав сам со нив тројца, сите други успеаа да избегаат.
Откако го забележале, тројцата напаѓачи го нападнале и со неколку убоди во грбот и рацете го оставиле на земја да лежи, а гостите од ресторанот успеале да избегаат на време.
Најголемите англиски медиуми меѓу кои и Индепендент веднаш побарале да разговараат со Рој кој од болница дал неколку интервјуа. Другарите на Рој и навивачите на Милвол веќе почнале да собираат донации за лекувањето на храбриот Рој.
Местото каде навивачот на Милвол храбро се тепал со тројца вооружени терористи и заштитил многу луѓе: