Леброн и Ирвинг блеснаа, но Вориорси водат 3:0

Кошаркарите на Голден Стејт се на чекор до освојувањето на шампионската титула во НБА лигата откако го добија и третиот меч во финалната серија, овој пат на гости против Кливленд.

Ниту еден тим во историјата на НБА финалињата не успеал да се врати по негатива од 3:0 и ако Леброн Џејмс и другарите го сакаат шампионскиот прстен ќе треба да урнат една исклучително тешка традиција за рушење.
 
Кошаркарите на Кливленд и покрај тоа што имаа контрола над резултат во второто полувреме и беа многу блиску да намалат на 2:1 и да ја вратат неизвесноста, сепак на паркетот набрзина се свртија работите.
 
На 3 минути до крај домаќините имаа предност од 113:107 и потоа до финишот на средбата Кавалирс не успеа да постигне ниту еден поен, а прими 11. За пресвртот најзаслужни беа Дурант и Кари кои ги постигнаат сите 11 поени, а клучна беше тројката на Кевин Дурант на 45 секунди до крајот.
 
Леброн и Ирвинг заедно стигнаа до 77 поени, 39 за првиот и 38 за вториот играч, но и тоа не беше доволно за намалување на резултатот во финалната серија. Кај Голден Стејт најпрецизен беше Дурант со 31 поен, Томпсон постигна 30, а Кари 26.
 
Четвриот натпревар кој може да биде и последен е закажан утре вечер во Кливленд.

8 јуни 2017 - 09:25