По дуелот во Скопје, Арда Туран давел постар новинар во авион
Фудбалерот на Барселона на својот Инстаграм напиша долг пост во кој вели дека не се правда, само ја информира јавноста за инцидентот што го направил синоќа.
По пријателската со Македонија во Скопје (0-0), репрезентацијата на Турција фати лет за Косово каде во петок играат квалификации за СП, а во авионот се случил инцидент. Арда Туран бил бесен кога го здогледал новинарот на весникот Милијет, Билал Месе, човек кој долго време ја критикувал формата на поранешниот капитен на Галатасарај.
Туран лани играше во најслаба форма во кариерата и не добиваше повик во репрезентацијата по Европското првенство 2016 во Франција.
Медиумите „Фанатик“ и „Милијет“ пренесуваат дека Арда го фатил 70-годишниот Билал Месе за врат и дека соиграчите Чанер Еркин и Бурак Јилмаз го одделиле. Туран наводно бил гневен што новинарот Билал Месе ја измислил приказната дека тројца играчи меѓу кој тој, Еркин и Јилмаз земале премии од фенерацијата за тоа што завршиле трето место на Европското.
„Критки, критики, статии... Се поддржуваат себе кој повеќе ќе критикува. ВИ КАЖАВ! Откако навивачите ме исвиркуваа, во првото интервју кажав дека нема да заборавам. После неколку месеи, видов еден од нив во авионот вера. Кои се тие? Тоа се луѓе луѓе кои пишуваат лаги, клевети и ја игнорираат честа и семејните вредности кога играш за својата земја. И тоа го викаат новинарство. Не грижете се. Тое се тројца или пет луѓе кои ги хранат децата и младите со вакви работи. Дали е вистина тоа што гнаправив вчера? Не знам! Не сум човек што ќе одам дома кај некој што сум му зборувал зад грб. Јас сум човек што ќе му се внесе во лице!“, напиша Туран (30) на својот Инстаграм утринава.