Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Манчестер куртули на ораницата во Ростов

Во првиот дуел од осминафиналето на Лига Европа, Манчестер поведе преку Михтарјан по одличната асистенција на Ибрахимовиќ, а Букаров израмни на 1-1 по што Русите имаа и шанси за комплетен пресврт на средбата која се играше на најлошиот терен во Лига Европа.

Словенечки пилот од авион прашувал колку е Барса - ПСЖ

Словенечки пилот на авиокомпанијата Визер на летот од Мадрид до Будимпешта околу 23 часот се обратил до контролата на летање со необично прашање - што направи Барселона против ПСЖ?

Кога Хичкок ќе режира драма во фудбалот

Вчерашната инфаркт завршница меѓу Барселона и ПСЖ не е единствен пресврт во историјата на фудбалот. Ретко кој ќе го заборави Солскјер и ’99-та или Депортиво и Ливерпул против Милан.

Интер слави 109 години постоење

На денот на својот 109-ти роденден Интер прима честитки од поранешни и сегашни фудбалери, од градоначалникот на Милано и од синот на газдата.

Сопругата на Тимур Дибиров ќе ги тренира Вардарки

Давид Дејвис кој беше во стручниот штаб на машката ракометна екипа, па ја замени Индира Кастратовиќ на клупата во женскиот клуб, побарал да се врати на старото место.

Искуството на Лукоил пресудно во дуелот со Адмирал

Македонски Телеком со 10:0 го торпедираше тимот на Оне.Вип, а до победија стигнаа и Трансмет и Лукоил.

ФИФА објави листа, Косово е пред Македонија

Продолжува слободниот пад на македонската фудбалска репрезентација која што по најновата ранг листа на ФИФА се најде на 166. место.

Хаос во Париз по слетувањето на фудбалерите на ПСЖ

Иако сакале да ги избегнат бесните ултраси па слетале на помалиот париски аеродром Ла Бужре, фудбалерите на ПСЖ биле пресретнати од 30-ина навивачи кои ги опколувале нивните коли. Во еден момент Тиаго Мота удрил со кола некој навивач кој бил префрлен во болницата во Сен Дени, а оштетена била колата на Маркињос.

Играчи на Ливерпул како алтернативни коментатори

Лукас Леива и бекот Морено добија задача од клупскиот тв канал алтернативно да го пренесуваат дуелот Ливерпул - Тотенхем 2:0. И не беа така лоши.

Фудбалскиот пат на Сержи Роберто, јунакот на Каталонија

Од мал бил атипичен лидер, не викал многу, бил скромен и најдобар во секое хоби со кое се занимавал. А скокал во далечина, фрлал копје, играл пинг-понг, кошарка и ракомет. Кога стигнал факс од Реал Мадрид неговите побарале време да размислат. А тогаш стигнал факс од Камп Ноу.

Чудото на Барса со музиката од Титаник

Лудоста која Барселона ја приреди синоќа против ПСЖ влегува во категоријата најдобри дуели во историјата на екипните спортови. Драмата на крај ќе биде добра подлога за некој иден игран филм.

Девојка од Кичево ги погоди Барса и Дортмунд точен резултат

Стручњаци, експерти, аналитичари, статистики, зналци, сè паѓа во вода откако синоќа девојка од Кичево одиграла тикет на чиста интуиција. Во 95. минута од мечот Барса на најубав можен начин ѝ го честиташе 8 Март.

Епска Барселона

Фудбалерите на Барселона ги поместија границите во фудбалот и испишаа историја откако го потопија ПСЖ со 6:1. Кам бек кој не се случил до сега во ЛШ. Јунаците на Луис Енрике им ги затнаа устите на сите критичари за оној дебакл од 4:0 во Париз. Нејмар погоди во 88-ма и 90-та, Сержи Роберто во 95-та. На другиот дуел Милионерите броеа до четири.

Еден машки муабет во пресрет на Барселона - ПСЖ

Муабетот е за првиот дуел кој се одигра на 14 февруари, ама совршено одговара и за денес.

Ораницата на која ќе игра Манчестер во Ростов

На денешниот тренинг на Јунајтед пред утрешниот меч со Ростов во Лига Европа (19:00), Маркус Рохо и Андер Ерера ја тапкаа топката за да видат до која мера теренот е нерамен.

Божиков (Фабрика Карпош) нерешлива енигма за Окта

Фабрика Карпош и ЕЛЕМ обезбедија победи во вториот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Најголемите пресврти на Барса кога Камп Ноу се тресел

Иако имаат доминантна улога во светот на фудбалот, на Каталонците само неколку пати во историјата им успеала фамозната remontada, пресврт во реваншот по убедливо загубен прв натпревар.

Што ќе правите кога губите да не е тимбата на Рамос?

Фудбалерите на Реал Мадрид често пати се случува први да примат гол и потоа да се вадат, а прашање е дали ќе се вадеа ако го немаа капитенот кој царува во шеснаесетникот кога треба да се скока на корнер. Не за џабе го викаат “todo terreno“.

Историска прва победа за Шапекоенсе во Либертадорес

Животот во Шапекоенсе полека се враќа во нормален колосек. Тоа го покажаа во Венецуела каде победија 1-2 и ги освоија првите бодови во најсилниот турнир во Јужна Америка.

Роналдињо пред 12 години во Лондон: Каде да ви ја шутнам?

Едно од осминафиналињата во сезоната 2004/2005 во ЛШ беше она меѓу Барселона и Челси по кое Сините отидоа понатаму со вкупни 5:4. Но зарем може некој да го заборави ова ремек дело на Роналдињо кој играше самба на Стемфорд Бриџ. Се случи на денешен ден.

Го знаете ли Канте од Ливерпул?

Прво ќе ви кажеме дека дечково пред да дојде во Ливерпул, одигра само две сезони во Премиер лига од вкупно девет во англискиот фудбал. Во јули 2014-та Ливерпул го купува од Саутемптон за 25 милиони фунти и добива човек кој го има секаде на терен.

Навивачите и медиумите го распнаа на крст Арсен Венгер

Јас сум апсолутно револтиран и жал ми е за луѓето кои дале многу пари за да го гледаат овој натпревар, изјави предводникот на Топџиите од кои цела Англија бара да си поднесе оставка откако врза седум лузерски осминафиналиња во ЛШ.

Зошто Баварците фрлаа тоалетна хартија?

Картите за синоќешниот меч Арсенал - Баерн Минхен биле по 75 фунти, а ништо поевтини не биле ниту влезниците за гостите поради што Баварците извадија неколку банери и фрлаа тоалетна хартија на теренот во знак на протест. Судијата на кратко го прекина мечот за да се исчисти теренот па играта продолжи.

Вечерата на ПСЖ пред Барса

Матуиди, Верати, Јулијан Дракслер и Томас Муние гостуваа во емисијата СуперКлуб каде јавни фаци доаѓаат на вечера и муабет, и дискутираа како да ја амортизираат Барселона вечерва на преполниот Камп Ноу.