Донарума греши ако го напушти Милан, но ако се предомисли ние сме подготвени да му простиме. Ова е генералниот заклучокот од една анкета направена над 1.000 навивачи, објавена во Газета дело Спорт.
18 годишниот голман на Милан одби 5 годишен договор за плата од 5 милиони евра, но тој официјално си нема заминато од клубот, а навивачите сè уште имаат трпение и се подготвени да го обноват односот со него.
Во случај да реши да остане во Милан дури 76% од анкетирани навивачи на Милан би му простиле за првичното одбивање на договорот, а ист таков став имаат 61% од навивачите на Јуве.
Оваа тема го допира срцето на секој навивач на Милан бидејќи во Донарума гледа или гледаше голема иднина или со други зборови надеж дека тоа ќе биде слична приказна како онаа меѓу Буфон и Јувентус, со таа разлика што Џиџи не е дете на Јуве.
Навивачите на Милан од Донарума очекуваа дека веднаш ќе покаже верност кон дресот на славниот поранешен Европски првак, бидејќи тој му даде можност да биде првотимец и тоа уште како тинејџер. Затоа, очекувано 80% од анкетираните Миланисти сметаат дека неговата одлука да го одбие Милан е погрешна.
Ако Донарума и дефинитивно си замине, 66% од навивачите на Милан како виновник би го посочиле неговиот менаџер Мино Рајола, 18% самиот фудбалер, а 5% клубот.