Македонија беше во вториот шешир заедно со Данска, Белорусија и Шведска и е пред сериозен предизвик во групата Ц во која за противници ги доби Германија, Црна Гора и Словенија.
Ждрепката беше полудиригирана, така што Хрватска како организатор, одбра да биде дел од групата А, која ќе се игра во Сплит, Норвешка во групата Б во Пореч, Словенија ќе игра во групата Ц во Загреб, додека Унгарија се најде во групата Д во Вараждин.
За македонската ракометна репрезентација ова е петто учество на Европските првенства. Најдобар пласман имаме остварено на ЕП 2012 во Србија каде завршивме на петто место.
ГРУПА А: 1. Хрватска 2. Шведска 3. Србија 4. Исланд
ГРУПА Б: 1. Франција 2. Белоурсија 3. Норвешка 4. Австрија
ГРУПА Ц: 1. Германија 2. Македонија 3. Црна Гора 4. Словенија
ГРУПА Д: 1. Шпанија 2. Данска 3. Чешка 4. Унгарија
Европското првенство во Хрватска ќе се одржи од 12 до 28 јануари.