Најубавите голови во кариерата на Лионел кој полни 30 години

Аргентинецот е роден во Розарио на 24. јуни 1987. Поминаа 13 години од неговото деби за Барселона и од тој ден до денес постигна повеќе од 500 голови. Ги издвојуваме најважните во неговата кариера.

Точно пред триесет години, Хорхе Меси и Сесилија Марија Кучитини го добиле своето трето дете. Му го дале името на омилениот пејач на татко му: Лионел Ричи.

Така на 24 јуни 1987 е роден Лионел Андрес Меси кој не стана пејач како идолот на татко му, туку ја надмина славата на познатата американска ѕвезда.

Речиси половина од своите 30 години, Меси помина на теренот и стана најдобриот фудбалер во историјата. Даде преку 500 гола од кои некои се неверојатни.

ТОП 10 голови на Лео:

БАРСЕЛОНА - АЛБАСЕТЕ, првиот гол на Меси

На први мај 2005-та Меси го даде дебитантскиот погодок за првиот тим на Барса на мечот против Албасете во Ла Лига. Имаше само 17 години, 10 месеци и 7 дена и стана најмладиот фудбалер кој дал гол за Барса се до 2007 година. Му асистираше неговиот ментор чијашто 10-ка ја наследи.

БАРСЕЛОНА - АРСЕНАЛ 3-1

Еден од најубавите голови во Лигата на шампионите, Аргентинецот го постигна во четвртфиналето на Лига на шампиони во 2011-та. Каталонците играа на Камп Ноу против Арсенал а Лионел постигна страшен гол на асистенција на Иниеста. Неговото сомбреро со кое го мина Шчешни беше неверојатна уметност.

МАГИЧНИОТ СЛОБОДЕН

Една од совршеностите на Меси е слободниот удар. Речиси никој на светот не ги изведува како него, а неговиот гол против Атлетико Мадрид пред неколку сезони кога го матираше Куртоа е гол за учебници.

БАРСА - САРАГОСА

Уште поубав гол Меси даде во 2010-та, само една недела по евроголот против Валенсија на Камп Ноу. На овој меч Лео демонстрираше неверојатни дриблинзи.

РЕАЛ МАДРИД - БАРСЕЛОНА

Можеби најубавиот гол во неговата кариера од Лигата на шампионите, Аргентинецот го даде во полуфиналето против Реал на Сантијаго Бернабеу. Многумина го памтат ово гол по прашањето на Мурињо после мечот “Por qué? кога на крајот имаше полемика со судиите, но сите го памтам и по golazo-то на Меси.

БАРСЕЛОНА - АТЛЕТИК БИЛБАО

Во финалето на Копа дел Реј во 2015-та, на Камп Ноу играа Барса - Билбао. Во 20’ минута од мечот Лео го отвори резултатот со гол којшто беше номиниран за наградата Пушкаш.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАТЕД - БАРСЕЛОНА

Голот со глава во финалето на Лига на шампиони против Манчестер во Рим 2009-та на асистенција на Чави беше чудесен. Висок 1.70см Меси скокна високо и со глава го совлада Ван дер Сар.

БРАЗИЛ - АРГЕНТИНА

Фантастични голови Меси дава и во дресот на репрезентацијата, а можеби најубав за Аргентина му беше на пријателската прортив Бразил кога ги постави конечните 4:3.

БОАТЕНГ ПО БУРЕК

Демонстрација на магија Лионел имаше во полуфиналето на ЛШ 2015 противв Баерн Минхен кога го прати Боатенг „по бурек“ со неверојатна финта и потоа со лоб го совлада Ноер.

Лионел како Диего

Дека Меси е чудо од играч сфативме после првите неколку меча во сениорска конкуренција, но она што го направи против Гетафе во 2007-ма беше нешто до тогаш невидено од него.

Како Марадона на Мундијалот 1986, Меси ја зема топката и ја издрибла речиси цела противничка екипа, со се голманот.