На сцена во Бруклин

Фамата на НБА драфтот 2017, избрани неколку Европјани

Синоќа во Бруклин 30 НБА тимови бираа кошаркари во два круга од драфтот, а Филаделфија го избра првиот пик на драфтот Маркел Фелц кој важи за неверојатен плејмејкер.

Веќе втора сезона по ред Филаделфија 76ерс го имаа првиот пик на драфтот. По одличниот Бен Симонс лани, годинава во бруклинската „Barclays Arena“ го избраа Маркел Фелц (19) кој доаѓа од Универзитетот Вашингтон. Фулц е плејмејкер кој во единствената колеџ сезона запиша неверојатен просек од 23,2 поени, 5,7 скокови, 5,8 асистенции.

Фелц е висок 195 сантиметри и тежок 88 кг. Се очекува плејмејкерот одлично да се вклопи во тимот и да го состави триото заедно со Бен Симонс и Џоел Ембид.

Очекувано, со оглед на тоа дека веќе со недели експертите од областа дискутираа, втор пик на драфтот е Лонцо Бол којшто го земаа Лос Анџелес Лејкерс. Се работи за играч кој во единствената сезона во Универзитетската лига даваше воо просек по 14,6 поени со 6 скокови и 7,6 асистенции.

Третиот пик го „пикираа“ Бостон Селтикс. Станува збор за Џејсон Татум кој доаѓа од Универзитетот Дјук, а Феникс Санс кој бираа како четврти го земаа Џош Џексон.

Најдобро котиран Европеец сезонава е 20-годишниот Лаури Марканен кој го избра Минесота како седми пик.

Меѓу 60 избрани игрчи очекувано има најмногу Американци (46), во првиот круг од Европа беа избрани Французинот Франк Нтиликин (Њујорк 8. пик), Израелецот Т.Џ. Леаф (Индијана 18. пик), Британецот ОЏ Ануноби (Торонто 23. пик) и Латвиецот Анжејс Пасечникс (Орландо 25. пик).

Од клубовите од регионот, Србите, поточно Мега Лекс даде тројца играчи на драфтот. Словенецот Влатко Чанчар (поранешен играч на Олимпија Љубљана) како 49. пик оди во Денвер, Њујорк се реши за екстра-талентот од српската репрезентација Огњен Јарамаз, а францускиот центар Алфа Каба како 60. пик оди во некогашниот клуб на Перо Антиќ, Атланта. Хрвати на овогодинешниот драфт немаше.

НБА Драфт 2017 ТОП10

1. Маркел Фелц (Филаделфија 76ерс)
2. Лонцо Бол (ЛА Лејкерс)
3. Џејсон Татум (Бостон Селтикс)
4. Џош Џексон (Феникс Санс)
5. Де’Арон Фокс (Сакраменто Кингс)
6. Џонатан Исак (Орландо Меџик)
7. Лаури Марканен (Чикаго Булс, пик од Минесота)
8. Франк Нтиликина (Њујокр Никс)
9. Денис Смит (Далас Маверикс)
10. Зах Колинс (Портланд Трејл Блејзерс, пик од Сакраменто)

За сите избрани играчи на драфтот 2017 тука.

23 јуни 2017 - 09:50