Како се кали младината во кампот Кире Лазаров 7

Ако на нешто треба сериозно да размислуваме на спортски план, тоа е како понатаму по Кире, Столе, Борко, Жути, Диви и останатите кои во континуитет учествуваат и ни носат радости на големите натпреварувања. Иднината на Македонија е во ракометот каде е неопходно да се црпат и учат млади надежи.

Главниот собир на сите деца летово кои сакаат да се усмерат кон ракометот е кампот Кирил Лазаров 7 во Охрид кој ќе трае од 20 јуни до 2 јули.
 
Веќе трета година по ред најдобриот десен бек во светот го реализира 14 дневниот ракометен камп кој ќе прими повеќе од 300 деца од Македонија и странство.
 
Кампот е еден вид на база за селекција на млади таленти на кои им е потребна надградна во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон и сл.
 
Децата ќе имаат привилегија да учат од капитенот на македонската ракометна репрезентација, како и од сегашни и бивши репрезентативци и друти познати и едуцирани тренерски имиња.
 
Меѓу тренерите и гостите во кампот во моментов се македонскиот стратег Владимир Глигоров, репрезентативецот Филип Лазаров, поранешниот член на Металург, Младен Ракчевиќ, тренерот на РК Загреб Касим Каменица и други.
 
Веќе трет ден се работи покрај Охридското езеро и се надеваме дека во овие деца се кријат таленти кои ќе продолжат да ја негуваат традицијата на успеси во македонскиот ракомет.
 
Тренинзите со Глигоров

Роденденско изненадување од капитенот

22 јуни 2017 - 14:09