Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Балотели одлепи во соблекувална

„3 гола за 10 минути, 3 гола за 10 минути. Еби се“ извикуваше и боксуваше бесниот Марио Балотели. И тоа не беа 10 минути, туку 7. Ница синоќа имаше 2:0 против Марсеј по 16 минути игра, а потоа прими гол во 26-та па уште 3 комада во 41-ва, 44-та и 48-ма. На 7 минути до крај промашија пенал и резултатот 2:4 остана конечен.

Па овој како влегол на Камп Ноу?

Во тензичната политичка ситуација во Каталонија, Барселона прво донесе одлука да го одложи мечот против Лас Палмас, па откако Фудбалската федерација на Шпанија им се закани со казни, се премисли. Мечот се одигра без публика, ама на терен сепак се појави публика или поточно падобранец кој е нејасно како се шверцал на стадион.

Видео снимки од бркотницата на Комити со Шверцери

Кам бекот на градското дерби меѓу Вардар и Шкупи кое заврши 1:0, го врати на сцена и големото ривалство на двете навивачки групи меѓу кои избија инциденти. Се зборува за околу 20 приведени навивачи на Вардар.

Очекувано, на Бернабеу се веат илјадници шпански знамиња

Само неколку часа по триумфот на Барселона против Лас Палмас од 3-0 пред празен стадион (празен од безбедносни причини поради нередите во Каталонија), и Реал го одигра својот меч против Еспањол. На „Сантијаго Бернабеу“ имаше илјадници шпански знамиња во знак на поддршка на унионистите.

Вардар во серија, убедливо совладан Загреб

Актуелниот европски шампион ја запиша и третата победа во Лигата на шампионите откако вечерва во Скопје рутински го добија Загреб со 28-21.

Ескалација во Барселона, мечот со Лас Палмас се одложува?

На денот на референдумот за независност на Каталонија, луѓе од управата на Барселона барале одложување на мечот со Лас Палмас предвиден за попладнево на „Камп Ноу“.

Фудбалер на Вулвс прослави гол како Кристијано Роналдо

На дуелот Бартон - Вулверхемптон во Чемпионшип, гостите водеа 0-3 уште на полувреме. Третиот гол го даде Рубен Винагра кој прослави како Португалецот Кристијано Роналдо.

Во Франција се сруши ограда, навивачи повредени

Некој би рекол дека ова го има само на Балканот, но по сè изгледа го има и во посовршените фудбалски лиги во Европа каква што е француската. На мечот Амиен - Лил 

Нејмар го запали Паркот на Принцевите

Моќниот состав на ПСЖ го попари Бордо со 6:2. Два гола на Нејмар, по еден на Кавани, Мбапе, Дракслер и Мењер. Прашањето околу победникот беше решено уште по првите 45 минути по кои ПСЖ имаше 5:1. Господинот 222 милиони евра постигна голчиште од 30 метри за сите пари. Вториот му беше од пенал по кој прв го гушна Кавани. Издвојуваме 4 од вкупно 8-те гола.

Децата на Червар умеат и со цепелини

За најатрактивен момент на средбата меѓу Металург и Спортинг 28:27 може слободно да ја прогласиме контрата во седмата минута од вториот дел. Актери беа Вања Илиќ кој се ослободи од својот чувар и го зебележа сам 20 годишниот Мартин Велковски кој ја крена на нозе публиката во Борис Трајковски.

Премиерна победа на Металург во ЛШ

По поразите од Монпеље на гости и Бешикташ дома, ракометарите на Металург стигнаа до првите бодови оваа сезона во елитното натпреварување. И покрај шпекулациите за неговото заминување, Лино Червар се врати од Загреб за мечот против Спортинг.

Голманот на Дортмунд и најчудниот фудбалски ритуал

Да го прашаш зошто го прави тоа, тешко дека ќе може да ти одговори. Но ритуалот му успева барем во германската фудбалска Бундеслига.

На гостување во Лига Европа со 21 автобус и два точаци

Ако Аталанта игра во Лига Европа одиме на гостување со точаци. Ветено - сторено и тоа ден порано од предвиденото. Не е мал залак. Тоа е како да одите со точак од Скопје до Лефкада.

Здрвил 20 од 20 за добивка од 121.315 евра

Италијанците викаат дека нема никогаш да фатиш на спортска бидејќи можноста е една на 38 милиони. Прашајте го дечково од Италија дали е така. Се изначека и на крај дочека.

Прилепчани ја штитат Победа од партиските игри

Раководството на прилепска Победа, фудбалскиот прволигаш којшто еднаш настрада по матните игри на одредени функционери во минатото, сега решија да го кренат гласот против тие што ги користат за политички цели.

22 екипи во битка за титулата во Бизнис лигата на Македонија

Претставниците на Бизнис лигата на Македонија,Младен Ѓуроски и Филип Николовски ја најавија седмата сезона на турнирот во мал фудбал којќе се игра со рекорден број на компании. Титулата ја брани Лукоил.

22 екипи во битка за титулата во Бизнис лигата на Македонија

Претставниците на Бизнис лигата на Македонија, Младен Ѓуроски и Филип Николовски ја најавија седмата сезона на турнирот во мал фудбал кој ќе се игра со рекорден број на компании. Титулата ја брани Лукоил.

Македонските Росонери станаа официјален фан клуб на Милан

По 10 годишно дружење, патување, барање што подобро место кај да се гледа Милан, нервози за пораз, радости за победа, како и дебатирање на Фејсбук, македонските навивачи на Милан станаа дел од црвено-црното семејство. Честитки момци.

Анчелоти исмеваше нигериски новинар, па му се врати

Трофејниот италијански тренер Карло Анчелоти како ретко кога во животот не знаеше да се снајде во топ европски клуб па доби отказ. Неколку часа пред да добие клоца, Карлито надмено се потсмеваше со еден реномиран нигериски новинар.

Мајсторијата на Фелипе и бакљадата во Скопје

И покрај тоа што Вардар загуби убедливо и на вториот меч во Лига Европа, нивниот дебитантски гол во ова натпреварување ќе се памети долго. Хуан Фелипе на работ на шеснаесетникот реагираше како Тоти и Пирло. Убавина за око која МРТВ може слободно да ја смести на најавните шпици.

Резил на голманот на Реал Сосиедад

Фудбалерите на Реал Сосиедад синоќа загубија од Зенит со идентичен резултат како Вардар од Розенборг во групата Л од Лига Европа, а за вториот гол Аргентинецот Херонимо Рули исплива како мало дете.

Пораз на Вардар во Норвешка со историски прв гол

Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.

Најубавите насловни на Playboy со спортистки

Основачот на Плејбој почина синоќа на 91-годишна возраст а во знак на негово сеќавање избравме 12 најдобри насловници од магазинот на Хеф со спортистки.