Видео снимки од бркотницата на Комити со Шверцери

Кам бекот на градското дерби меѓу Вардар и Шкупи кое заврши 1:0, го врати на сцена и големото ривалство на двете навивачки групи меѓу кои избија инциденти. Се зборува за околу 20 приведени навивачи на Вардар.

Судирот на Комитите и Шверцерите почна половина час по старот на натпреварот, кога и покрај забраната за гостување, навивачите на Шкупи пристигнале до стадион, а Комитите испровоцирани ја напуштиле западната трибина за да се пресметаат.
 
Веб порталот balkanski-navijaci ја пренесува приказната на еден од членовите на Комити.
„Ние бевме околу 150 на стадион, а Шверцерите имаа забрана за гостување и не присуствуваа. Една група од нив дојде пред западната трибина и тогаш излегоа нашите по што беа уапсени оние што се степаа во судирот. Шверцерите одеа по автобуски низ центар, начекаа дел од нашите навивачи и така настанаа инциденти и после завршувањето на средбата. Од прилика околу 20 Комити се приведени, а за Шверцерите не знам дали воопшто ги фатиле“.
Поради приведувањето на навивачите на Вардар, нивниот сектор во салата Јане Сандански на ракометниот меч од ЛШ против Загреб, беше полупразен.

2 октомври 2017 - 09:31