Таг: шверцери

Тие и не знаат да скандираат нешто попаметно

Шкендија славеше против Шкупи со 2:0 во 16. коло од домашното првенство. Се игра македонска фудбалска лига, а Балисти и Шверцери, заглавени во времето, просторот и идеалите, скандираат за Косово, Илирида, Дарданија и Голема Албанија. Играта не ја прекинале, бидејќи за нив важат други правила, нели?

Кога во Македонија во дебатни емисии се канеа навивачи

Комити vs Шверцери плус четворица гости, поканети од страна на Чом во емисијата „Чуму“ на А1. Ниту сега има ваков концепт на емисии со навивачки групи, ниту пак се надминаа или подобрија проблематиките за кои дебатираат. Осудени сме на политички гњаважи.

Како Џаро во класичен пазарџиски стил ја смирил тензијата меѓу Комити и Шверцери?

„Подобро да играме на наместени утакмици, отколку да има клање меѓу навивачите“, гласи тезата на легендарниот Џаро. Остај тоа, него ќе каже и кој е крив за најславното скандирање за Ѕинго.

Комити: Титулата кај вас, трофејот кај нас

Во навивачкиот свет за добро познато понижување важи ако ривалот успее да ти украде знаме, што не е баш секојдневие. Викендов Комити ја славеа ракометната Куп титула против Пелистер во Кавадарци, ама имаа и акција во Чаир и успеаа да му им го украдат знамето на Шверцери кои ја слават титулата на ФК Шкупи.

Комити со револт: Глумци на филмско платно за кои нема да има одговорност

Кале, МНТ, а сега и најново видео од центарот на Скопје на кое се тепаат млади луѓе за кои се претпоставува дека напаѓачите се дел од навивачката група Шверцери. Комити направија компилација со која сакаат да укажат дека нивните ривали никогаш не одговараат.

Само во банана држава обид за убиство се третира како насилство

По 10 дена борба за живот, почина 20 годишниот Никола Саздовски. Случајот има навивачки призвук. Жртвата е член на Комити, а убијците на Шверцери. Да се немало крај од овие говнарии на етничка основа. Од една расправија на Фејсбук, се дрзнаа живот на млад човек да одземат.

Навивач на Вардар бил избоден со нож од навивачи на Шкупи

Во текот на вчерашниот ден се појави веста за драматичен напад во строгиот центар на Скопје, кај ’Рекорд’ каде што неколку млади луѓе нападнале 16-годишно момче и со нож му нанеле повреди. Станува збор за навивачка пресметка со меѓу-етнички призвук.

Сега Шверцери Чаир со поздрав до Комити

За време на дербито меѓу Шкупи и Вардар кое Чаирчани го добија 2-0 со два маестрални гола, домашните навивачи извадија парола како одговор на Комитите од пред некој ден.

Видео снимки од бркотницата на Комити со Шверцери

Кам бекот на градското дерби меѓу Вардар и Шкупи кое заврши 1:0, го врати на сцена и големото ривалство на двете навивачки групи меѓу кои избија инциденти. Се зборува за околу 20 приведени навивачи на Вардар.

Зошто Шверцери славеа победа со зелка?

Навивачите на Шкупи, „Шверцерите“, на својот стадион во Чаир ја прославија победата над ривалот Шкендија во Тетово од 0:1 со тоа што правеа акција со зелка. По некои писанија на навивачките форуми, ваквата симболика имала врска со прекарот кои Чаирци им го наденале на навивачите на Шкендија.

Тепачката меѓу Шверцери и Балисти во Чаир

Поради реновирање на стадионот во Тетово, Шкендија своите домашни натпревари ги игра во скопската населба Чаир, домот на прволигашот Шкупи. Навивачите на овие два клуба неколку години имаа пријателски односи, но вчера на мечот Шкендија - Силекс дошло до тепачка меѓу Балистите и Шверцерите.

Див запад на дербито во Чаир

Некогашното големо дерби Слога (денес Шкупи) - Вардар ниту попладнево не мина без сериозни инциденти. Шверцерите во првиот дел фрлаа предмети на теренот а со стаклено шише бил погоден Горан Попов. По завршувањето на мечот кој Вардар го доби 0-1, десетина хулигани влегле во теренот и ги нападнале гостинските фудбалери Томе Пачовски и Бобан Грнчаров, а најтешко поминал Дамир Којашевиќ кој со боксирач бил удрен во носот.