Навивачот на Вардар, Никола Саздовски бил претепан на автобуска постојка во населбата Автокоманда на 29 јуни сред бел ден, откако тројца мажи му влетале со кола, излегле и крвнички го нападнале, а тој потоа итно бил пренесен во болница.
Полицијата ги пронајде напаѓачите кои се испостави дека се навивачи на Шкупи и им поднесе кривична пријава. Од нив двајца се наоѓаат во притвор, а инаку се работи за лица на возраст од 19, 20 и 21 година.
Но она што зачудува е како е можно ваков случај со најодвратен и најтажен крај, да се третира како насилство и зарем нема кривичната пријава да биде сменета со поригирозна мерка?
Соопштение на таа тема пред неколку дена имаа и Комитите со кои за жал Саздо повеќе никогаш нема да запее на стадион. Инаку сè тргнало од една расправија на Фејсбук.
Најверната навивачка група на Вардар сè уште се нема изјаснето за случајот откако стигна најлошата вест за младиот навивач. Краток текст со смирувачки тон се појави на друга Фејсбук страна каде се бара одговорност.
За мир во куќа некако не се крена голема прашина за случајов, а не сакаме да помислиме што ќе беше ако жртвата беше член на Шверцери. Во овој случај не може и не смее да има заштитени бели мечки.
Ова е тоа:
Ако не добијат максимална казна затвор за убиство на детето од Автокоманда и еднаш за секогаш им се даде на знаење и на нив и сите како нив дека не се над законот, делата ќе се повторуваат.
— Man (@Goran_Man) July 9, 2018
1. Без разлика од која националност е момчето, ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА УБИЈЦИТЕ, ЖИВОТНИ !
— Бапчо (@TheFitzzz) July 9, 2018
2. КРИВИЧНА за обвинителите од ОЈО кои тенденциозно го прекфалификувале делото со што СВЕСНО станале соучесници.
3. Одземање на новинарската лиценца на Саше ПОЛИТИКО кој потврди дека е ДНО ДНА