Македонските Росонери станаа официјален фан клуб на Милан

По 10 годишно дружење, патување, барање што подобро место кај да се гледа Милан, нервози за пораз, радости за победа, како и дебатирање на Фејсбук, македонските навивачи на Милан станаа дел од црвено-црното семејство. Честитки момци.

Milan Fans Macedonia може да се пофали дека стана првиот и единствен официјален фан клуб на Милан од Македонија. Дозволата ја добија од организацијата AIMC, која е одговорна за сите официјалните клубови на Милан од цел свет.
 
2017-та за нив ќе остане историска и незаборавна. По кам бекот на Милан во Европа имаа 24 часовно патешествение до Романија, каде Милан му гостуваше на Крајова во квалификациски меч за ЛЕ.

Со ждрепката за плејофот во ЛЕ им се оствари сонот, а тоа беше можноста да му бидат домаќини на Милан кој се падна да игра со Шкендија во Скопје.
 
Признавањето на нивниот фан клуб како официјален е круна на нивната успешна година.

Им посакуваме многу победи и патувања. Ова е нивното соопштение:
Почитувани,
 
Ни претставува вистинска чест и големо задоволство да ве информираме дека Milan Fans Macedonia стана првиот и единствен официјален фан клуб на А.Ц. Милан во Македонија!
 
Сето она што пред повеќе од 10-тина години започна како спонтано дружење на блог платформа, сплоти повеќе индивидуалци кои беа меѓусeбно поврзани единствено преку љубовта кон црвено-црната боја. Тоа деновиве кулминираше сo добивање дозвола од страна на Associazione Italiana Milan Clubs (AIMC), организација под капа на Милан, која е одговорна за менаџирање и координација на сите официјални фан клубови на Милан низ светот.
 
Здружението Milan Fans Macedonia денес е cериозна организација cо cвоја управна структура и база на членови. Фан клубот е активен на cоцијалните мрежи (Facebook: @MilanFansMacedonia, Twitter: @MilanFansMKD, Inѕtagram: milanfansmkd), а од пред неколку дена доби и своја секција на веб страната на AIMC (http://www.aimc.eu/macedonia/).
 
И ова е cамо почеток. Ќе следи промоцијата на комплетно новата веб страна, каде Milan Fanѕ Macedonia ќе продолжи да ги негува своите принципи за навремена и точна информација cподелена навреме и на ниво кое му доликува на клубот за кој навиваме.
 
Среќни и горди на постигнатото,
 
Тимот на Milan Fans Macedonia
Forza Milan e Forza Milan Fans Macedonia!!!
29 септември 2017 - 11:22