11 годишниот пост од титулата придонесе за огромна еуфорија меѓу навивачите на Милан. Пјаца Дуомо гореше на прославата, а претходно и стадионот на Сасуоло каде миланистите направија инвазија во бројка од 18.000. Меѓу нив имаше и Македонци кои одбиле 2.000 евра за една карта пред натпревар.
Паралелно со успешната сезона на Милан, во добра форма е и нивниот фан клуб во Македонија. За мечот против Аталанта имаа собир од кој може да видиме снимка како урлаат на голот на Леао за 1:0 против Аталанта. Уште победа над Сасуоло на гости и Милан и официјално е првак на Италија после 11 години.
По долгото 20 часовно патешествие на ЛФМ во Букурешт, со тазе впечатоци од ЛЕ се јави и официјалниот фан клуб на Милан. Поубаво не можеше да си поминат. Победа од 3:0 против Лудогорец, сликање со играчите и дружење со миланистите од Софија.
По 10 годишно дружење, патување, барање што подобро место кај да се гледа Милан, нервози за пораз, радости за победа, како и дебатирање на Фејсбук, македонските навивачи на Милан станаа дел од црвено-црното семејство. Честитки момци.
По 11 годишно заедничко дружење, бодрење и патување за својот Милан, македонскиот фан клуб на Росонерите имаа чест да го пречекаат седумкратниот првак на Европа на домашна сцена. Ова се фотографиите кои ни ги испратија.
Црвената боја вечерва на трибините на Телеком арената ќе биде доминантна бидејќи ги краси и двете екипи. Тетовчани ќе дојдат за Шкендија, но ќе има и многу Скопјани и навивачи од Македонија и регионот кои ќе го бодрат италијанскиот великан. Ждрепката за плејофот во ЛЕ беше остварување на сонот за Milan fans Macedonia.