Читател по име Филип Вељановски ни испрати фотографии од неговото незаборавно гостување со другарите, на последното коло од сезоната во Серија А.
Мисијата да се победи Сасуоло не беше тешка, но сепак многу возбудлива затоа што титулата се реши токму во последните 90 минути.
Подготвени со реквизити и со знаме на кое го промовираат македонскиот фан клубот на Милан, македонските миланисти ја почувствуваа магијата на Скудетото.
Нивното незаборавно патешествие оди вака:
„Бројката на фанови секој натпревар што го гледавме годинава и години наназад без оглед на тоа дали Милан играл дома или на гости била различна. Некогаш била 2 ца, па стигнала и до бројка од 20 фанови.
Овој пат бевме 4 ца поради тоа што екстремно беше тешко да се дојде до билет, и ако кажам дека направивме чудо што дојдовме до тикети нема да погрешиме. Само што ги купивме картите системот се блокираше, имаше преку 100.000 побарувања за карти, додатно задоволството беше поголемо што стадионот "Мапеи" има капацитет од 21.000 гледачи, а ние бевме меѓу нив.
Имавме одлични понуди за тикетите да ги продадеме пред натпреварот и до 2000€ од тикет, но огромната желба и пасијата према Милан не ја доведе во прашање заработката од тикетите“.
„На овој натпревар беа Влатко Карпа и Андреј од Македонија и нашите членови кои живеат во Милано Стефан и Таки.
Последните 2 кола ги планиравме од пред 2 месеци но не договоривме ништо конкретно и сè се случи за 5 дена, најпрвин чекавме да видиме дали ќе дојдеме до тикети пред сè па подоцна патувањето лесно го организиравме. Благодарност голема до нашите членови од Милано кои беа најзаслужни за тоа што успеавме да дојдеме до тикети инаку тешко дека ќе присуствуваме на оваа "бајка".
Значи ова буквално беше "бајка" за нас ако ја земеме во предвид цела сезона и ростерот и квалитетот на тимот, проблемите со ковидот, повредите, многу млади фудбалери желни за успех. Никој не очекуваше дека Милан ќе дојде до скудетото освен нас неколку преголеми оптимисти што верувавме во овој тим, за да после 11 години повторно сме на врвот во Италија“.
„Замислете кое задоволство беше за нас што сме фанови на Милан од мали нозе и што сме од Македонија, а какво задоволство и страст имаа италјанските фановите што живеат во Милано и Италија?!
На натпреварот против Сасуоло на трибините бевме кај ултрасите на Милан "Curva Sud" заедно со нашите пријатели од фан групата од Хрватска "Milanistra". Вие не знаете која пасија и страст ја имаше кај нив, плачеа како мали деца, замислете колку нив им значеше овој успех.
АЦ Милан е пасија, љубов што не спои многу луѓе овде и низ целиот свет, запознавме нови пријатели, нови култури, за сè е заслужен Милан“.
„После завршетокот на натпреварот и прославата на скудетото на "Мапеи" забавата и прославата продолжи низ улиците, Дуомо и Каса Милан во Милано.
Ако ви кажеме дека прославата траеше додека бевме во Милано (вторник) и трае сè уште нема да ми верувате.
Вакво нешто ретко се гледа и може да се осети, мислам дека на улиците беа луѓе од 7 до 90 години и овој пат уште еднаш се потврди дека Милано е црвено-црн, затоа што Милан е клуб со срце и душа за разлика од нашите "комшики"“.
„Интересна случка се случи на влезот на стадионот Мапеи каде што можеше лесно да се претвори и во "трагична. Имено еден од нашите членови проба да внесе пиротехника и на самиот влез беше "фатен" од Италијанските карабинери на проверката и за малку исфрлен од стадионот, но не си Македонец ако не се снајдеш секаде и справиш со секоја ситуација, па во кратка конверзација со службите нашиот член успешно влезе на стадионот заедно со останатите 3 ца“.
Forza Milan
Ни испратија фотографии и од собирот во Скопје, каде беа во голема бројка.
За прославата во Скопје и Кочани повеќе тука.