Сите знаеме колку фудбалерите знаат да бидат суеверни. Најпознати примери се редовната молитва на Хавиер Ернандез - Чичарито на централниот круг од теренот или пак класичниот бакнеж на Лоран Блан во ќелавицата на Бартез.
Ритуалот на голманот на Борусија Дортмунд Роман Бурки не е толку приметлив како овие примери, но секако е најчуден.
Бурки секогаш мора да ја допре топката пред почетниот судиски свиреж. Голманот на Дортмунд Бурки тоа обично го прави кога судијата е заедно со капитените и ја фрлаат паричката за избор на топка или половина. Бурки редовно ја пипка топката протнувајќи се меѓу тројцата судии.
Необично на 6 меча од Бундеслигата досега Борусија (Досега играа против Волфсбург, Херта, Фрајбург, Келн, Хамбургер и Борусија Менхенгладбах) прими само еден гол, така што тоа е доволна причина за љубителите на теоријата на заговор да имаат теми на муабет. Но оние другите велат: „Па ете со Реал ја пипна па ги одраа 1-3“.