Offside

Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.

Офсајд лик: Данило Галинари

На 28 години, сосема зрели за професионален спортист, да земеш да се боксуваш на пријателски дуел и поради тоа да скршиш рака и да пропуштиш големо натпреварување треба стварно да си цреп. Кој знае колку се изнервирал селекторот која го гледал видеото.

Пет гола за едно полувреме на Македонците во Палермо

И покрај испаѓањето во Серија Б, Александар Трајковски и Илија Несторовски му останаа верен на Палермо. На пријателскиот дуел против нисколигашот Монреале, македонските репрезентативци ги одиграа првите 45 минути по кои беше 8:1. Четири гола на Трајковски, еден на Иле.

Барди не застанува со голчишта во Шпанија, Леванте го поздравува со овации

Со игрите на подготвителните натпревари за новата сезона, македонскиот репрезентативец, Енис Барди се повеќе го оправдува трансферот во шпанскиот прволигаш Леванте. Нека му ја мислат голманите во Ла Лига кога ќе се мести на слободен.

Македонија е шеста светска ракометна сила, капа доле за успехот

Македонската јуниорска репрезентација со пораз го заврши Светското ракометно првенство во Алжир, но не го намали впечатокот кој го остави на овој историски Мундијал за македонскиот спорт. Аплаузи за нашата делегација која отпатува во Алжир.

Кондогбија, тоа не е твојот гол

Цел интернет бруи за антологискиот автогол на Интер против Челси. Еден од штосовите гласи вака: Она кога ќе ја дувнеш од скоро пола терен и сфаќаш дека тоа уствари не е голот на твојот противник.

Селфи број 5 и нов епски успех на нашите ракометни јунаци

Големата победа против домаќинот Алжир не беше плафонот кој го допреа хероите на Илија Темелковски на Мундијалот за јуниори. Денеска повторно блеснаа и испишаа нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто.

Како со еден потег да ја штелуваш кец у два

Ако си до толку очаен да не можеш да фатиш во кладилница, лап топ во ранец, клади се на нет и пушти му 50че на судијата. Што знаеш може ќе упали.

Најхаотичните 18 дена на Касано кој доби понуда да игра за пита

Само еден играч на планетава земја во рок од една недела два пати се има пензионирано од фудбал. Со оглед на сите негови глупоштини во кариерата и не треба да не чудат овие постапки. Инаку најново, доби понуда од аматерски клуб каде му трдат дека нема да го пука носталгија за дома.

Како Фамилија Аеродром го црташе огромниот графит

Графитот долг 350 метри и висок три метри на кејот на Вардар во Аеродром беше дел од акцијата ФАтаморгана со која Фамилија Аеродром се почасти за својот 20-ти роденден. Го спремаа 5 дена.

Што значи кога екипа има пивара за спонзор

Како резултат на договорот за спонзорство меѓу Гамбриниус, едно од најпознатите чешки пива и фудбалскиот клуб Викторија Плзен, спонзорот решил да постави нови, модерни клупи за резервни играчи кои имаат 14 места.

Капитенот на Андора има колекција од 600 дреса и не сака да ги пере

Најсреќен бил кога се сменил со Џон Тери, но подоцна капитенот на Англија го разочарал после неколку години. Има дресови од Тоти, Ибрахимовиќ, Малдини и многу други а вели дека последно најмногу го сакал од репрезентацијата на Сиера Леоне.

Најлудиот дуел еден на еден на Нејмар

Додека трае шпанскава серија со Нејмар и сите го мољакаат да не си оди од Барса, налетавме на едно видео од неговото време во Сантос. Таму слободата во играта е поголема, па дозволена е и Самба со топка. Ај што помина како мало дете, него на крај и гол даде.

Комити Запад од едно друго носталгично време

Во деновите кога Вардар има активен резултат и е на само 90 минути од испишување нова историја за македонскиот фудбал, ќе ве потсетиме на Комитите од 90-те. Тогаш беа побројни и посплотени, а фудбалот имаше многу повеќе драж. Во тоа време не се чекаа квалификации за Европа за да се наполни стадионот. 

Ај па и во Скопје да играте вака

Барса игра тики-така по земја, а Реал се обидува на прва без да тапне. Крос - Бензема - Марсело - Бензема - Бејл. Така се движеше ова велелепно движење на топката против Манчестер Јунајтед на Интернационалниот Куп во САД:

Како Де Шиљо дебитираше за Јуве

Пред 8 дена Матиа Де Шиљо направи трансфер од Милан во Јувентус за 12 милиони евра. Првиот меч го запиша против ПСЖ со центар шут росна ливада. Едни викаат дека се обидел да сруши дрон, а други дека не е он крив, туку соиграчите не го следеле.

Турскиот селектор добил отказ зошто правел рушвајс во кафана

Турската фудбалска федерација се обиде дипломатски да го изглади конфликтот кој го направил селекторот Фатих Терим, но тамошните медиуми стигнале до сапуницата во која главен лик бил токму тој.

Царската објава на Ибрахимовиќ на Инстаграм

Го следат 25,5 милиони луѓе а како и не би го следеле кога секоја наредна објава му е појака од претходната. Денес објави слика од него и Кинг-Конг, но со натпис кој е кралот а кој е Конг.

Среќен роденден „Уна маџија“

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација денеска полни 34 години. По тој повод ќе се потсетиме на три негови незаборавни голови во Серија А, кои сигурно се меѓу најубавите во неговата кариера. Пандев пред две години стана странец со најдолг стаж во Италија каде игра од 2001-ва со исклучок на една сезона кога беше во Галатасарај. Во новата сезона продолжува со Џенова.

Не се радува само тој што скока

Шампионот на Хрватска, Ријека синоќа извлече поволен резултат на гостувањето кај Салцбург во првиот меч од 3. коло квалификации за Лига на шампиони. Реакцијата на тренерот Матјаж Кек при голот на неговиот тим е легендарна.

„Каква Лига на шампиони - денес таму се Гент и ПСВ, дојдете кај нас“

Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.

Ти сакаш изгледа пешки да си одиш од гостување

Начека празен гол и сега ќе изиграва бесни глисти. Да ти се погоди некој намќор тренер кај кого за палење цигара се јаде прачка, а за пијанчење 10 чакмаци и суспензија, ќе ти кажеше убаво ако ти ја земеа.

Ико мајсторе е роден за историски успеси со Македонија

Нема дилеми за тоа дека Македонија е ракометна нација. Тоа го покажуваат резултатите и успесите и во машкиот и во женскиот ракомет, како на клупски, така и на репрезентативен план. Илија Темелковски покажа како се игра храбро на големите натпреварувања.

Министерство за економија и Бенфика

Португалските клубови умеат да воспитаат и развијат млади играчи кои потоа ги продаваат за големи пари и тоа не е тајна. Но Бенфика направи чудо за 7 месеци со 6 трансфери.

Драга публико, драги гости, на клавир: Хуан Мата

„Извинете дечки, но веќе нема карти за мојата турнеја 2017“, напиша под видеото на Инстаграм човекот кој важи за најкреативен фудбалер на Манчестер Јунајтед и кој лани беше втор стрелец на екипата зад Ибрахимовиќ. Се надеваме дека ќе го гледаме во Скопје на 8. август.