Италијанците се неприкосновени во Лига Европа

Трите претставници од Италија во второто по ранг клупско европско натпреварување се непобедливи, што се нема случено во изминативе девет сезони.

Лацио, Милан и Аталанта со нивните перфектни партии во Лига Европа остварија рекорд за италијанскиот фудбал. Откако ова натпреварување познато претходно како Куп на УЕФА, го смени името пред 9 години, прв пат се случува во оваа фаза Италијанците да немаат ниту еден пораз.
 
Милан и Аталанта во своите групи имаат идентичен скор од по 3 победи и 2 нерешени, а Лацио е уште поубедлив со 4 победи и едно реми. Со овие одлични резултати на едно коло до крајот тие веќе имаат побезбедено пласман во нокаут фазата.
 
Вклучително со квалификациските средби, италијанските претставници газат со 15 победи, 4 нерешени и 0 порази.

24 ноември 2017 - 16:53