Алиоски растура за Лидс

На Џани одлично му тргна неделава во Чемпионшип лигата. За само седум дена постигна три гола на последните три меча за неговиот тим. Лидс денеска славеше 0:2 на гостувањето против Барнсли со два гола во првиот дел. Македонскиот репрезентативец стрелаше во 45-та минута откако му ја собра топката на својот соиграч и со многу чувство ја пласираше топката од работ на шеснаесетникот.

 

25 ноември 2017 - 17:18