Offside

Горчлив 79-ти роденден на Вардар кој ја загуби европската битка против Рига во првиот меч од квалификациите за Конференциската лига.

Каде е и што прави Анџело Перуци?

Ич да не го мислите. Дел е од управата на Лацио, кој сезонава под водство на Симоне Инѕаги растура и во таква победничка атмосфера легендарниот италијански голман си гази лабаво во кафана. Тој со него е една друга легенда. Се вика Маурицио Манцини, еден од најценетите тим менаџери во Италија. Човекот има 77 години и работи во Лацио од 1971-ва година.

Од работник на нива до легендарен голман во Премиер лига

Стотици фудбалери и тренери минале низ англиската фудбалска лига, но ретко кој оставил впечаток кај навивачите како легендарниот чешки голман Павел Срничек. Ден денес по стадионите се скандира неговото име, затоа што беше симбол за непокор.

Како Милан вежбаше посед на топка против Киево

По пауза од 4 кола без триумф, Росонерите славеа убедливо со 1:4 на гостувањето против Киево. Пред да го постигнат четвртиот гол кој беше дело на Калиниќ покажаа огромно трпение, изразено во 43 додавања.

Петте неприкосновени сестри од Серија А

Порано беа седум и во тоа друштво спаѓаа Јувентус, Милан, Интер, Рома, Лацио, Фиорентина и Парма, но сега времињата се сменети, а во моментот тој епитет го носат пет екипи, поради тоа што се непобедливи кога играат со другите.

Aтмосферата која мора да се доживее пред да се умре

Да не должиме многу со опис, бидејќи вакво нешто не се опишува со зборови, туку едноставно треба да почувстува на лице место. Ривер Плејт - Ланус, полуфинале во Копа Либертадорес 2017-та. 

Најголемиот идиот меѓу англиските навивачи

Колку треба да си малоумоен или направен тиква за да се измочаш во чаша и да ја фрлиш во публика? Одговор на тоа треба да го даде овој навивач на Тотенхем кој ги гаѓаше навивачите на Вест Хем.

Кога прислушкуваш противнички тајм-аут

Додека тренерот на Кливленд Тајрон Лу црташе по таблата, Тревор Букер од Бруклин се ушуња меѓу неговите играчи и се правеше наудрен.

Како е изграден војничкиот менталитет на Бонучи

Славниот италијански дефанзивец не е оној истиот од Јувентус. Требаше да добие црвен картон за потоа Милан без него да експлодира на гости со 4 комада на гости. Човекот кој работел со него во позадина смета дека ги живее најтешките мигови во кариерата и дека ќе се врати оној стариот.

Малиот Михајло кој Новак го спрема да биде шампион

Реномираниот Sports Illustrated раскажува за осумгодишниот Михајло Топиќ - малиот другар и ученик на Новак Ѓоковиќ.

Комичната ситуација со резервата во Бразил

За време на мечот Фламенго - Флуминенсе домашниот тренер Валдемар го спрема резервниот играч Марсио Араухо да влезе на терен а реакцијата на навивачите во позадина е епска!

Херојот на столетието заигра фудбал во прва лига со ампутирана рака

Фудбалот често пати знае да испише инспиративни и емотивни приказни, а ако треба да се направи топ листа на 10, оваа ја ставаме на прво место, без конкуренција.

И Гвардиола како Чеде: Теренот не чинеше, лоша топка, висока трева

Советска тврда школа на фудбалот, далечен пат, лош терен, неискосена трева се само дел од стандардните оправдувања на тренерите и фудбалерите после поразите.

Михајловиќ: Вие го знаете Иво Андриќ?

Tемата за Ана Франк сè уште е жешка во Италија, а се отвори и на прес конференцијата по мечот Фиорентина - Торино, на која српскиот стратег повторно беше во главна улога, овој пат со контра реплика.

Го прави ли сега Раниери францускиот Лестер?

Италијанецот кој го направи најголемото чудо со Лестер сега доживува убави моменти и во Франција каде со уште еден аутсајдер сака да направи магија.

14-годишно дете даде гол на деби за Стеауа

Во романскиот фудбал вчера малиот Јанис Стоика постави историски рекорд откако дебитираше и даде гол на само 14 години. Цел живот ќе го памети мечот за својата Стеауа во Купот против Санататеа Клуж кој заврши 1-6 за гостите од Букурешт.

Сите сме Ана Франк

Во Италија и натаму трае скандалот со навивачите на Лацио и налепниците со ликот на Ана Франк. Играчите на овој тим пред мечот со Болоња излегоа во маици со портретот на најпознатото еврејско девојче.

Каде беше ВАР за пеналот врз Коларов?

Фудбалерите на Рома го победија Кротоне со пенал за кој слободно можеме да кажеме дека не постоеше, бидејќи Александар Коларов сам падна. Зошто не се искористи новата технологија за ваква крајно сомнителна ситуација која го реши мечот? За мода да не е ставена?

Не е можно дека му ја фати од толку блиску

Фудбалерите на Гремио славеа 0:3 против Барселона Спортинг клуб на првиот полуфинален меч од Копа Либертадорес. Голманчето им е скроз лудо. Ова треба да се прогласи за одбрана на деценијата.

Екипата на Окта со пожртвувана игра стигна до победа над ЕВН

Матрик и Елем славеа убедливо во третиот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Окта минимално го совлада Елем.

Зоран Балдовалиев ала Кристијано Роналдо

Со голот на Балдовалиев, Академија Пандев има предност од 1:0 по првото полувреме од дуелот со Шкендија. Ветеранот од Струмица веќе два гола по ред ги прославува во стилот на најдобриот играч во светот според ФИФА.

Најфудбалската рок група на светот која го бара Ибрахимовиќ за вокал

Секоја нивна песна е поврзана или со видео игрите FIFA, или со најголемото изненадување во историјата на Премиер лигата, Лестер за кого навиваат и пишуваат песни.

30 години од денот кога Бабунски плачеше од тага, а Југославија од радост

25 октомври е датум кој е влезен во аналите на југословенскиот спорт и ден кој се одбележува во Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ и Словенија. Најдоброто од овие простори му покажа на светот како се игра фудбал.

Ајдучка акција во Кавадарци пред дербито со Тиквеш

Најверните навивачи на струмичка Беласица решиле пред дербито со Тиквеш од втората лига во сабота, да го посетат Кавадарци и притоа да остават трага дека биле во овој убав град. На табелата во втората лига Исток, после 9. кола Беласица е втора со 20 бода а Тиквеш шести со 12.

Комитите не звучат јако само во ЛЕ

Градското дерби меѓу Вардар и Работнички се игра денеска (14:30) во бош време кога сите се на работа, но нејсе. Мобилизацијата на Комитите на ФБ во јубилејната 30-та година за нив и 70-та за клубот, продолжува со една песна која ја пееја една година по испаѓањето во втора лига во сезоната 2010/2011 и која се надеваат дека нема повторно да ја запеат.