Рома може само да жали што го продаде Салах минатото лето, а Ливерпул ужива и се гордее на египетската инвестиција од 42 милиони евра. 25 годишниот напаѓач игра во животна форма и е страв и трепет за секоја одрана на островот.
Со 22 гола по 27 кола, Салах има само еден гол помалку од Кејн и еден повеќе од Агуеро, а зад него се и Меси, Кавани, Левандовски и Имобиле како водечки стрелци во другите најсилни првенства во Европа.
На Салах му требаа два натпревари помалку од Торес и Стариџ кои се најбрзи стрелци до бројка од 20 погодоци за Ливерпул. Зад него се и Роби Фаулер кој до 20 гола стигна под 37 меча, како и Мајкл Овен на кој му беа потребни 39 настапи.
Египетскиот голгетер е само втор играч во историјата на Ливерпул заедно со Торес кој успеал да стигна до 20 премиерлигашки голови во една деби сезоната.
Само двајца играчи од Премиер лигата успеале да заокружат подобра бројка од Салах по првите 25 кола. Тоа се Кевин Филипс со Сандерленд (1999/2000) со 24 гола и Ендрју Кол со Њукасл (1993/1994) со 22 гола.
Салах ја дели третата позиција со легенда како Алан Ширер (1996/1997) и Лес Фердинанд (1995/1996).
На сите натпреварувања оваа сезона Салах има 29 голови на 35 средби. Тој сезонава не е само гол машина, туку и одличен тимски играч со 6 асистенции.
Договорот со Ливерпул му истекува во 2022-ра година, а моменталната вредност според Трансфермаркет му е 80 милиони евра.
Во ова лудо фудбалско милијардерско време, Ливерпул нека биде спремен на непристојна летна понуда.