Со капитенската лента околу раката, македонскиот репрезентативец во 65’ минута од пенал даде гол за Палермо против Фоџа. Ова е прв гол за Прилепчанецот кој „постеше“ од 25. ноември и мечот со Авелино. Од тогаш до вечерва не постигна гол на 8 меча. На крајот Палермо загуби 1:2 и тоа е втор пораз по ред за тимот од Сицилија кој сега после 25 меча заостанува три бода зад двете места кои водат во Серија А.