Најхрабриот олимпиец кој парадираше гол во Пјонгчанг

Видовте ли како се претстави Тонга на отворањето на ЗОИ? Со еден човек кој логично беше и знаменосец. Тој во период од две години учествува на две олимпијади во два различни спортови. Го соблече кимоното и се качи на скии и тоа лани за прв пат.

Човекот кој беше атракција број 1 на свеченото отворање на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг се вика Пита, а се презива Тауфатофуа.
 
Тие што пратат Олимпијади и што имаат добра меморија веднаш ќе се сетат. Да, се работи за истиот лик кој ја претставуваше Тонга и на Летните Олимписки игри во Рио 2016. Ама тогаш во таеквондо, а сега ќе скија во дисциплината крос - кантри.

Пита се појави на отворањето горе гол како во Пјонгчанг да е лето, а не -5 степени, а доле во својата традиционална носија.
 
Тонга е островска држава составена од 176 острови со 104.000 жители и тој е првиот учесник во историјата на својата земја на една Зимска Олимпијада.

Интересно е што во неговата земја не паѓа снег, ама тој успеа да обезбеди олимписка норма во нордиско скијање откако тренираше во странство. Како го стори тоа за само една година, се чудел и неговиот тренер.
 
Со Пита во истата дисциплина ќе се натпреварува и нашиот Ставре Јада.
Неговото прво качување на скии

Инаку до Пјонгчанг патувал повеќе од 24 часа и поминал 5 земји, бидејќи немало директен лет.

9 февруари 2018 - 16:22