Offside

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Феликс Нмеча западнал во непријатна ситуација поради прослава на еден негов гол. Му скокнале од разни страни, а за целата работа се заинтересирал и селекторот на Германија Јирген Клоп.

Ѓоковиќ во рубриката „Верувале или не“

Новак Ѓоковиќ го мина првото коло на турнирот во Мадрид откако со 2:0 го совлада Кеи Нишикори, но во еден момент од мечот така добро се посрамоти по што призна дека ова му е најлошиот удар во кариерата. Неверојатен кикс.

Кој е Милорад Мажиќ - Србинот кој ќе го суди финалето на Лига на шампиони

Мажиќ е роден на 23 март 1973 година во градот Врбас. Поради повреда на коленото прерано ја завршил играчката кариера во 1996 година, но поради голема љубов кон фудбалот решава да продолжи како арбитар.

Нејмар се остри за Русија

Иако е во дрес на ПСЖ и видеото го објавија од ПСЖ, сепак овие тренинзи на Нејмар се за Мундијалот во Русија кој стартува за 38 дена. Парижаните веќе ја освоија титулата. Според темпово со кое работи ќе го биде.

Каков мангупски потег на Иниеста по Ел Класико

И два дена по најпопуларното дерби во светот, има што да се издвои и истакне кога во прашање се фудбалски великани како Андрес Иниеста. Дресот од неговото последно Ел Класико му го даде на својот клупски ривал и репрезентативен колега со години, Серхио Рамос. По толку нервози и напнатост на терен од рацете на капитенот во рацете на другиот капитен кој сподели на Твитер. Епа браво момци.

Судија полека малце, два фаули направи

На мечот Бешикташ - Кајзериспор 2:0, синоќа имаше два црвени картони, ама црвен заслужи и тој што ги дели картони, бидејќи беше крајно несмасен и фаулираше по еден играч од двете екипи во иста акција. Смешки.

Царот што фатил пари на кладба Барди дава од слободен

Паметно. Човекот намирисал дека Енис сезонава шутира слободни удари подобро од најголемите ѕверки во шпанска Примера и решил да праша за коефицент. На 11 квота уплатил 50 евра на два тикета и ене го на каса чека 550 евра. Така се игра. Алал вера мајсторе.

Нова мајсторија на Барди од слободен удар

Ниту Меси ниту Кристијано Роналдо сезонава не шутираат слободни удари како македонскиот репрезентативец. Вечерва против Леганес на гости Барди даде ефектен гол од прекин во 59’ минута за 0-2 за Леванте.

Две легенди, една прегратка

Покрај контроверзното судење и рекордот на Меси и Роналдо, на Ел Класико има уште еден момент за одбележување, многу јак од кој треба да учи секој играч особено тие што се скарани со „респектирај го противникот, односно легендите“.

Сме виделе, сме виделе, ама...

Од година во година во Чемпионшип има неверојатни исходи во финишот од сезоната. Болтон, некогашниот стабилен англиски претставник во Европа се изнамачи да не испадне во трета лига. Во последното коло играа дома против Нотингем Форест и до 87’ минута губеа 1-2. Во последните 2 минути дадоа два гола, победија и избегаа од канџите на банкротот кој ги чекал ако испаднат.

Зенит потроши 100 милиони евра а остана без Лига на шампиони

Еден од ривалите на Вардар во првата историска сезона од групна фаза во Лига Европа, рускиот Зенит ја игра најлошата сезона во последните неколку години и неверојатен петти пат по ред остана со куси ракави.

Пас на Ибра за кој како да ви кажеме

Лос Анџелес Галакси загуби 3:2 од Хјустон Динамо, ама тоа не е причина да не го споделиме со вас потегот на мечот во мадафака Златан стил. Најважно е што акцијата која ја почна заврши со гол.

Најинтересни моменти во европскиот фудбал викендов

Во случај да сте пропуштиле дел од случувањата низ Европа викендов, имаше некои моменти кои се вредни спомен.

Салах и ти ли бе?

Цел свет го величи и го споредува со Меси, ама знаете како велат, никој не е совршен. Херојот на Ливерпул и цел Египет кој ќе се бори за трофеј за Лига на шампиони и Златна копачка само ќе загуби во очите на јавноста ако го повтори овој непотребен потег.

Од пораѓај кај жена му отиде да му донесе Скудето на Јуве

На драматичната разврска за титулата во Серија А викендов и дојде крајот, а еден од најзаслужните за тоа е џокерот на Алегри кој и покрај тоа што слабо спиеше цела ноќ, влезе во игра и го реши натпреварот.

Еден Азар на бербер одговори што мисли за трансфер во Јунајтед

Големите ѕвезди обично се вклучуваат во живо на Инстаграм или Фејсбук во слободно време кога се на фризер, во маркет или на некое друго место. Така и Еден Азар од Челси.

Наполи ги објави сите судиски грешки во корист на Јувентус сезонава

Јувентус ги стави рацете на пехарот за рекордното седмо скудето по ред и чека само и официјално да биде прогласен за шампион. Од најголемиот конкурент во Неапол вчера прикажаа зошто се бесни на судиите.

Податок на денот

Контроверзното судење од ЛШ се префрли во Ла Лига, овој пат повеќе на штета на Реал. Но од Ел Класико кое повеќе се играше за престиж, отколку за резултат овој пат најмногу вреди да се истакне еден страшен податок, можеби еден и единствен во фудбалот. Поврзан е со двајцата великани и најголеми фудбалски ѕвезди на планетава кои со по еден гол заедно стигнаадо еден чудесен рекорд.

Славење титула пред и на стадион

По пауза од пет години Порто синоќа ја освои шампионската титула на едно коло до крај, откако Спортинг и Бенфика ремизираа и останаа на 78 бода, а Порто славеше против Фериензе и им избега 7 бода. Атмосферата беше навистина посебна, особена ако ја гледате низ оваа камера. Лудио и надвор и внатре.

Венгер го почна говорот со Фергусон

Сè започна на стадионот Хајбери на 19 октомври 1996-та против Ковентри, а официјално ќе заврши на 13 мај на гости против Хадерсфилд. Со оваа 22 годишна врска, завршува една ера во таборот на Топџиите.

Грд старт на Пандев со две нозе и директен црвен

Таман му тргна и фати место во прв тим и на крај ја оплеска. Горан Пандев денеска беше на клупата за резерви и доби шанса на стартот од вториот дел. По 25 минути во игра му влезе грубо на Бруно Гаспар и заслжено беше исклучен. Фиорентина потоа направи целосен пресврт и победи 2:3.

Чудото кое треба да го направи Наполи за Скудетото е невозможно

Јувентус не е официјално шампион на Италија, ама според сценариото кое треба да се случи за да не биде, може да почне да слави. Наполитанците џабе го превртија градот наопаку откако славеа на Алијанц.

Аут изведен од линијата на сенката, никој не забележа

Како тргнаа со гол на годината, глума на годината, наскоро би требале да воведат и задолжителна награда за аут на годината.

Маратонец на денот

Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 21 км во машка конкуренција со време од (1:09:10), а Милјана Ристиќ во женска (1:29:15). Ама го видовте ли вие царов како се облекол? Тој е победник во стајлинг.