Старадата Дама славеше синоќа против Болоња со пресврт (0:1 прво, 3:1 крај), а Наполи денеска киксна со Торино 2:2. Имаа две водства со головите на Мертенс и Хамшик, но Лоренцо Де Силвестри во 83-та минута го постави конечниот резултат и им го сруши сонот за титулата.
Јувентус сега има +6 во однос на Наполи, а до крај остануваат уште две кола. На Јувентус му треба само еден бод следното коло за и официјално да ја прослави титулата, но и со два порази, наспроти две победи на Наполи пак ќе биде шампион.
Со ист број на бодови меѓусебните дуели не може да се сметаат во случајот бидејќи и двете нивни соочувања завршија со идентичен резултат 0:1. Значи ќе се гледа гол разликата, а таа е целосно во корист на Бјанконерите кои имаат +16 во однос на Наполи.
Тоа значи дека за Наполи да ја освои титулата е потребно чуда над чудата или поточно да ги добие двете последни кола со вкупен резултат од 16:0, а Јуве да не даде ниту еден гол.
Јувентус во следно коло и гостува на Рома, а потоа игра дома со Верона. Наполи игра на гости со Сампдорија, па дома со Кротоне.
Со други зборови честито седма титула на Јувентус по ред. Нов историски подвиг во италијанскиот фудбал.