„Пред да започнам, би сакал да му посакам брзо заздравување на мојот пријател Сер Алекс Фергусон“, рече Арсен Венгер на својот последен меч на клупата на Арсенал пред своја публика и изнуди аплаузи и овации за респектот што му го даде на довчерашниот ривал со кој се почитуваат.
За Венгер мечот против Барнли беше број 606 на кормилото на Арсенал, а според една статистика ако остане да го води тимот уште 100 меча и ги загуби сите, тој повторно ќе биде тренер со најдобар процент на победи во историјата на клубот.
Венгер му донесе на Арсенал 3 титули во Премиер лигата, 7 ФА Купови и 7 Комјунити Шилд, а клубот му додели специјален трофеј за сезоната 2003/2004 кога ја освои титулата без пораз.
Wenger pic.twitter.com/tMncUSlj6m
— ٧٣ (@Kawther73x_) May 6, 2018
„Ви благодарам што ме трпевте толку долго, знам дека не беше лесно. Пред сè, јас сум навивач на Арсенал исто како вас, тоа е начин на живот и грижа за убавата игра. Овој тим има специјален квалитет, ве молам поддржувајте ги следната сезона. Сакам да завршам со една едноставна работа: Ќе ми недостасувате“, рече Венгер
Моментот кога се појави
Говорот