Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Триумф на Лацио во Марсеј, три шпански екипи дадоа 13 гола

Откако Бетис победи на Сан Сиро 1:2, подоцна вечерва шпанските клубови ја докажаа доминацијата во Европа. Севиља му даде шест парчиња на Акхисар, а Виљареал „петарда“ на Рапид Виена.

Битола грми, Македонија ја совлада Турција

Македонската ракометна репрезентација победнички го стартуваше квалификацискиот циклус за ЕП 2020. Првиот тест во групата каде силите ќе ги одмериме и со селекциите на Грција и Исланд, е успешно положен, но со потешкотии и грешки во напад.

Милан тоне сè подлабоко, Динамо Загреб гази

АЕК Ларнака на Тричко (асистенција) и Мојсов ремизираше со Лудогорец. Ристовски одигра полувреме во поразот од Арсенал а Адеми прави чуда со „Модрите“.

Човек кој посетил преку 500 стадиони, го одбра најдобриот

Навивач е на Милан и запознал стотици „браќа по трибина“ во светот. Минатиот викенд го гледал мечот Фрозиноне - Емполи на стадионот „Бенито Стрипе“ и така ги комплетирал сите стадиони од Серија А.

Убав гест на Салах

Најголемата египетска ѕвезда го испочитува тоа што оваа жена тепала пат од неговата земја до Ливерпул, само за да го гледа во живо во ЛШ. По мечот со Ѕвезда тој и го подари дресот, а таа дојде спремна со подарок.

Рабио си трчкаше за време на голот на Наполи

Како фудбалер кого ПСЖ со сите средства (читај 9 милиони евра годишно) го убедува да остане во Париз, младиот Рабио не смее да си дозволи ноншалантност како синоќа на мечот против Наполи кој заврши 2:2 со гол на Ди Марија во 93’ минута.

Зошто римските ултраси не почитуваат кодекси и редовно користат ножеви?

Рим и цела Италија не се само шпагети, вкусно вино и прекрасно еспресо. Тука има и „јужњачки“ темперамент, незгодна нарав и посебен начин на живот, особено во фудбалскиот фанатизам.

Хероите на Југославија кои во Чиле за прв пат виделе киви и далечинско

Најголемиот фудбалски успех на СФРЈ кој денеска го одбележа и ФИФА е приказна за себе. Тоа беше најава за доаѓањето на една неповторлива генерација, која за жал немаше можност да остане заедно и да му покаже на светот дека Чиле 1987 не беше случајност.

Како Барса го отпуштила Икарди поради ПП апарат во интернат

Со примената на филозофијата на Пеп Гвардиола. освен првиот тим, секоја категорија во академијата на Барселона морала да се прилагоди на новиот начин на игра. Во таквиот систем имало место за Ибрахимовиќ, ама не и за Икарди кој ги спакувал куферите и си отишол.

Како ЕХФ го најави вечерашниот меч на Македонија

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 20:15 против Турција (пренос на Телма), го стартува квалификацискиот циклус за ЕП 2020. Мечот се игра во салата „Боро Чурлевски" во Битола. Алал да им е на ЕХФ за најавата. Знаат по што сме познати.

Еврогол на дербито Бока - Палмеирас, Бомбонера полуде

Во првиот натпревар од двомечот на полуфиналето во Копа Либертадорес, Бока и Палмеирас играа тврд меч на кој до 83 минута немаше ќор гол. А потоа во само 5 минути Дарио Бенедето постигна два од кои вториот со страшен дриблинг беше преубав.

Дебаклот во Ереван не ја чинеше Македонија скапо на ранг листа

На денешното рангирање кое го објави ФИФА, македонската фудбалска репрезентација остана своја на свое и не забележа ниту пад ниту скок.

Бускетс си ги работи како сака

Уште не спласнати импресиите од интелигентниот потег против Севиља, ете ти нов мангупски потег на Сехио Бускетс со кој исфрли од игра двајца играчи на Интер. Дечково прави до толку интелигентен фудбал, што имаме чувство дека не можел до толку многу да исплива на виделина низ годиниве наназад поради тоа што постоеа двајца негови соиграчи по име Чави и Иниеста.

Мепсо преку контра напади до победа над Маркарт

Гранит славеше тесна победа против ЈСП во третиот ден од 5. коло во Бизнис лигата, Мепсо го победи Маркарт, а LC Waikiki и ЕВН одиграа нерешено.

Каква штета што не влезе ова на Алиоски

Фудбалерите на Лидс синоќа славеа 2:0 против Ипсвич и сега се лидери на табела, но со ист број на бодови со Мидлсброу и Шефилд Јунајтед. Македонскиот репрезентативец за влакно не беше меѓу стрелците, а ова ќе беше гол на колото.

Како Брозовиќ го намести дупето на жив ѕид

Класичното местење на жив ѕид знаете како изгледа. Една рака на лице, другата долу кај што најмногу боли или па двете раце долу. Хрватскиот репрезентативец знае друга фора која се покажа успешна при ударот на Суарез. Не му е воопшто лоша, можеби и гол спаси.

ПСЖ се спаси во 93-та, Барселона сигурна и без Меси

Со головите на Инсиње и Мертенс, Карло Анчелоти имаше 3 бода в рака против својот поранешен клуб на гости, но Ди Марија го спречи изненадувањето со мајсторија. Борусија и Ливерпул ги декласираа Атлетико и Ѕвезда.

Тоа е таа банда со јака команда

Пол Сколс, Рио Фердинанд, Вејн Руни, Алан Смит, Џон О’Ши, а во позадина ѕирка Руд ван Нистелрој. Доволни се имињата на првите тројца како едно потсетување какво екипиште беше ова и каков фудбал играше во споредба со сегашниот тим кој го носи само иметo на Манчестер Јунајтед.

Прашање до Клоп за европскиот првак Црвена Ѕвезда

Ливерпул вечерва ја пречекува Црвена Ѕвезда во 3. коло од Лига на шампиони. Јирген Клоп доби прашање на прес за тоа дали се сеќава кога вечерашниот негов противник ја освоил Европа во 1991? Секогаш, ама секогаш е спремен со одговор по кој следува смеење.

Халкбанк е нов официјален спонзор на РФМ

Денес, во присуство на медиумите, спортските новинари и претставници на Ракометната Федерација на Македонија, во просториите на Бизнис-центарот на Халкбанк, и официјално беше потпишан договорот за годишно спонзорство помеѓу Халкбанк и РФМ.

Писмо од синот му помогнало на колумбиски голман да ја преживее загубата на сопругата

Во колумбискиот фудбал неколку денови се зборува за тажната сторија на голманот Луис Делгадо кој останал без сопругата а најголема храброст да продолжи понатаму му дал малиот Матијас.

Лукаку белите не се од твоја

Манчестер Јунајтед сезонава има само две победи на домашен терен на сите натпреварувања, а сезоната ја стартуваа на 10 август. Добар показател за тоа дека екипата личи на раштиман оркестар е овој нејасен пас на Ромелу Лукаку. Погледна убаво кај се неговите и пак џабе.

Манчестер синоќа пак доцнел, а Мурињо тргнал пешки на стадион

Манчестер Јунајтед, освен на теренот има проблеми и надвор од него: никако не може да стигне на време на дуел од Лига на шампиони па сега се соочува со нова казна од УЕФА.

Посебната поврзаност на Роналдо со Олд Трафорд

Кога Кристијано Роналдо беше потиштен од тага за црвениот картон во првото коло од ЛШ, многумина сметаа дека се плаши од суспензија која нема да му дозволи да се врати на Олд Трафорд. Местото каде се создаде нераскинлива врска меѓу него и публиката.