Откако го напушти Манчестер Јунајтед пред 9 години, Кристијано Роналдо по втор пат се врати на стадионот на кој освои вкупно 9 трофеи од кои 3 титули во Премиер лигата, една во ЛШ и постигна 118 голови.
Домаќините пружија разочарувачка игра кој не ветува уште долг пат во елитното натпреварување, но тоа не ги спречи навивачите да ја искажат големата почит кон човекот кој токму во овој клуб почна да ја гради блескавата кариера и да ја создава мега популарната слава.
Роналдо беше последниот играч кој остана на теренот после завршувањето на средбата, а тоа предизвика големи емоции кај него. Тие го скандираа неговото име и му пееја „Вива Роналдо“, а тој раката ја ставаше кај срцето, гест по кој јасно е што мисли за нив.
United fans sing ‘Viva Ronaldo’ to Cristiano Ronaldo as he leaves the pitch #mufc pic.twitter.com/XZDOLuOO7u
— Samuel Luckhurst (@samuelluckhurst) October 23, 2018
🎶 Viva Ronaldo 🎶
— Football on BT Sport (@btsportfootball) October 23, 2018
Cristiano Ronaldo was the very last player to leave the pitch as he received a chorus and an ovation from the Old Trafford crowd...#NoFilterUCL pic.twitter.com/8bzxH9kp1r
Роналдо настапуваше во Јунајтед од 2003-та до 2009-та година и со неговиот трансфер вреден 12 милиони фунти стана најскап тинејџер во англискиот фудбал во тоа време.
„Кам бекот за мене на Олд Трафорд предизвикува голема емоција. Тука освоив многу трофеи, а многу добро се сеќавам и на поддршката која беше фантастична. Тука имам победнички сеќавања, посебно со Сер Алекс Фергусон на кого му испраќам голема прегратка“, изјави Роналдо на пресот пред натпреварот.
Само пет минути издржа еден навивач на домашниот тим да го види, а да не му рипне на терен. За вакви навивачки испади англиските закони се многу строги и навивачот ништо чудно да добие доживотна забрана за влез на Олд Трафорд.
Но неговата цел е остварена, има селфи со Роналдо со кое ќе се фали цел живот. И тоа не сликаше тој, туку самиот Роналдо.
За навивачите на Јунајтед, Роналдо е толку голема величина што ја носеа и на шалови специјално дизајнирани со неговиот лик со натпис „Враќањето на легендата“.
Иако го бараше дресот со број 28 кој го носеше во Спортинг, Португалецот ја имаше таа чест и привилегија да ја облече 7-та на Јунајтед која ја носеа легенди како Џорд Бест, Ерик Кантона и Дејвид Бекам.
Тоа му беше уште поголема мотвација за да се докаже и да остави белег во клубот, предводен од легедарниот Ферги за кој има изјавено:
„Тој ми беше татко во спортот, еден од најважните и највлијателни фактори во мојата кариера“.
Се сретнаа и синоќа
A great coach and above all a wonderful man. Taught me so many things inside and outside the pitch. Great to see you in good shape, Boss! pic.twitter.com/Ql4dcuJvCW
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 24, 2018
Фотографиите од музејот на Манчестер Јунајтед се доволни за се разбере колку беше почитуван Роналдо во Театарот на соништата.