Писмо од синот му помогнало на колумбиски голман да ја преживее загубата на сопругата

Во колумбискиот фудбал неколку денови се зборува за тажната сторија на голманот Луис Делгадо кој останал без сопругата а најголема храброст да продолжи понатаму му дал малиот Матијас.

Голманот на колумбискиот прволигаш Атлетико Букараманга, Луис Делгадо го преживеал најтешкиот период во својот живот. Луис лани паднал на допинг и го отстраниле од фудбалот на цела година.

Летово од рак на градите починала неговата жена Татјана Гарсија. Таа се борела со болеста шест години, а загубата ја преживеал и нивниот син Матијас.

На Матијас извесно време му недостигало вниманието од татко му кој многу тешко ја поднел загубата на сопругата.

Едно утро малиот Матијас оставил писмо на својот кревет:

„Тато,

Сфаќам колку ти е тешко без мама, но знај дека јас секогаш ќе бидам со тебе и многу те сакам. Ти ми даваш сè што сакам. И јас исто.“

Под овие зборови малиот се нацртал себе, татко му и мајка му.

Писмото му дало на Луис Делгадо нови сили да продолжи понатаму во животот. За да го овековечи сеќавањето на својата жена и својот син, фудбалерот направил тетоважа иста како писмото.

 
 
 
 
 

SIGAN A @erwingtattoo GRACIAS POR MI TATUAJE. La historia del dibujo de Mathias es un día que Llegamos en la noche al apt después de un día bastante agitado con diferentes cosas y no tuvimos tiempo de revisar sus tareas si no hasta esa hora 10:00pm revisando sus cuadernos nos encontramos con varios pendientes de él a tal punto que me toco decirle que se acostara porque tenía que madrugar, yo me acosté a las 12:40 de la noche y cuando llego a la cama me tiene una carta que dice: “ papá yo se que para ti es duro que estés sin mi mamá, pero yo siempre estaré contigo. Te Amo Papá tú haces muchas cosas por mi y yo por ti”. Automáticamente se me pasó todo y la recarga de felicidad y ternura fue automática. Hermoso en especial a su Mami @tatianagrd nuestro 👼

A post shared by LuisDelgado® (@luchodelgado31) on

Минатиот викенд Луис се вратил на голот на Букараманга откако во 73’ минута влегол од клупата наместо првиот голман Агире. Неговиот тим Атлетико Букараманга игра одлична сезона и после 16 кола е втор со исто бодови (32) како и првопласираната Толима. Букараманга има серија од пет победи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Que felicidad! Hijo mío!!! Gracias Dios🙏 que grabe para allá Mathias 😂😂😂

A post shared by LuisDelgado® (@luchodelgado31) on

После натпреварот новинарите го пронашле малиот Матијас кој раскажал за писмото:

„Пред мечот тато ми кажа дека направил тетоважа со моето писмо, а после мечот помислив дека мајка ми би ми кажала да одам на терен и да го гушнам. Среќен сум што тато пак игра после тоа кога падна на допинг за што ние бевме многу тажни, но мама секогаш го поддржуваше тато и знаев дека ќе се врати на терен. Знам дека сите деца имаат најдобри татковци и знам дека тато е борец и дека ќе се држи до крај“, рекол малиот Матијас.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@9_mdg Creditos de la nota @pinedagol Sin palabras 😶

A post shared by LuisDelgado® (@luchodelgado31) on